22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

22.11.2018 (Инфо сесија)
Кофинансирани грантови за новоосновани трговски друштва: старт-ап и спин- оф

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

05.12.2018 (Семинар)
МАРКЕТИНГ ЗА ИЗВОЗНО ОРИЕНТИРАНИ КОМПАНИИ

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

11.12.2018 (Семинар)
Еднодневна специјалистичка обука на тема: DMFEA Design Failure Mode and Effect Analysis АНАЛИЗА НА РИЗИКОТ И ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД ГРЕШКИТЕ НАПРАВЕНИ ВО ПРОЦЕСОТ И ВО ПРОИЗВОДОТ

12.12.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕСОТ – СТРЕСОТ КАКО СОЈУЗНИК

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

18.12.2018 (Семинар)
ЕМОЦИОНАЛНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА

Бизнис-настани

28.11.2018 - 02.12.2018


Советување Хотел „Рамада Мажестик“ - Букурешт,  Романија

ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА


 

Советување на тема:

ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

28.11. - 2.12.2018 година
Хотел „Рамада Мажестик“ - Букурешт
http://ramada-majestic.hotels-in-bucharest.com/en/

 

Стопанската комора на Македонија, од 28.11. - 2.12.2018 година, Ве поканува да земете учество на советувањето на тема: „Оперативна ефикасност во административните процеси и човечки ресурси во организацијата, апстентизам и намалување на трошоците како последица од отсуство од работа и управување со промени согласно законските одредби и заштита при работа“, што ќе се одржи во хотел „Рамада Мажестик“ - Букурешт (http://ramada-majestic.hotels-in-bucharest.com/en/).

Воспоставувањето систем за мерење на работен учинок, ефективност и ефикасност на вработените не е воопшто едноставно, особено кога се работи за организација со поголем број   вработени, каде степенот на директна контрола е помал. Меѓутоа, за исполнување на барањата од оваа област, потребно е воспоставување систем за извршна и деловна администрација за секој процес/сектор засебно, поставување правила за работење, почитување на законските одредби и одредување начини за одржување и унапредување на човечкиот потенцијал во компанијата.

Содржина на советувањето:

Прв дел:

 - Унапредување и развој кај вработените – индивидуален, тимски и организациски;
 - Системско мерење на работата – основна компетенција на професионалците на ниво на главни процеси во компанијата;
 - Деловни процеси и клучни индикатори за мерење во работењето;
 - Оптимизација на деловни процеси во функција на извршни активности;
 - Организациски инженеринг и оптимизација на работни места;
 - Мотивација, ефикасност и ефективност;
 - Разбирање на потребите и желбите на вработените;
 - Создавање лојалност;
 - Зголемена мотивација и подобра комуникација;
 - Координација и креативност;
 - Основа за долгорочен раст и развој на организацијата;
 - Подобра ефективност на деловните процеси;
 - Точна распределба на одговорности и овластувања;
 - Мерење на работата и индикатори за мерење на работата/трудот;
 - Поставување на организациските норми и вредности;
 - Организациски развој;
 - Зголемена продуктивност во работењето;
 - Зголемување на ефикасноста на организацијата.

Втор дел:

 - Предмет, цел и содржина на процесот на намалување на вкупни трошоци;
 - Организациски промени при зачестеност при отсуство од работа;
 - Намалување на вкупни трошоци од боледување;
 - Причини за континуирано отсуство од работа;
 - Намалување на трошоци како последица од отсуство од работа;
 - Управување со промени, согласно законските одредби и заштита при работа;
 - Управување на документацијата поврзана со отсуство од работа;
 - Примање и издавање документи;
 - Процедури во контекст на отсуство oд работа;
 - Наградување и мотивација;
 - Почитување на упатствата на работодавачот;
  Почитување на прописите за заштитата при работата.
 
Апсентизмот се смета за секое отсуство од работа, без оглед на траењето или причината/недостаток. Најчести причини за апсентизмот се следните:
• семејни проблеми;
• болест;
• лични потреби;
• стрес.

ЗА КОГО Е НАМЕНЕТО СОВЕТУВАЊЕТО?
Советувањето е наменето за раководители и вработени во сите сектори во организациите и институциите (во човечки ресурси и правна служба, финансии, прозиводство и продажба, заштита при работа, техничка служба, како и останатите вработени кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења по дадената проблематика.

Предавач:
     - Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ - Скопје.
   Методологијата и начинот на работата на Китановски се состои во реализација на обука, работилници, коучинг и/или in-house консалтинг, во рамките на институцијата/компанијата нарачател во земји од целиот свет, како што се:  Германија, Италија, Кина, Словачка, Арапските Емирати, Србија, Словенија, Непал, Хрватска, Романија, Молдавија, Полска, Канада, Белгија итн, преку 21 менаџмент услуги на „Д2ЕМ Консалтинг“ кои претставуваат специјализирани консултации според барање на клиентите со директно преземање одговорност за ефектите од заедничките активности. (вклучувајќи ги напредните обуки за музика и менаџмент).
  Mihail Kitanovski: LinkedIn, Xing, FB, Insta, www.d2emconsulting.com 
  

АРАНЖМАН:

Сместување и превоз:
- Цената за сместување во хотел „Рамада Мажестик“ -  Букурешт (http://ramada-majestic.hotels-in-bucharest.com/en/)  на база 3 полупансиони во двокреветна соба, по учесник, изнесува 26.900 денари. За сместување во еднокреветна соба се доплаќа 7.000 денари.
- Превоз со високотуристички автобус на наведената релација Скопје – Букурешт – Скопје    (тргнување на 28 ноември 2018 година, во 6:00 часот и враќање  на 1 декември 2018 година во вечерните часови Или на 2 декември во раните утринсдки часови во зависност од патувањето, временските услови и царинските формалности).
- посета на Синаиа, Пелеш, Бран и  вклучени влезници за замокот Бран и замокот Ришков;
- користење конференциска сала;
- кафе и освежување за време на паузата на советувањето;
- пратител на групата;
- локален водич за Букурешт;
- посета на Софија.

(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на туристичката агенција на Вашата електронска пошта)

Котизација за обуката:
- Котизацијата за советувањето изнесува 4.720 денари (4.000 + 18% ДДВ).
Секој трет и нареден учесник од иста организација добива 20% попуст на котизацијата, а се добива и работен материјал и сертификат за присуство на обуката.
 
(Плаќањето е по добиена про-фактура од страна на Стопанска комора на Македонија на Вашата електронска пошта)

  
Во цената на аранжманот не е вклучено:
• задолжително патничко осигурување и индивидуални дополнителни факултативни трошоци.

*   Последен рок за пријавување: 9 ноември 2018 година.


- Пријавувањето за обуката после овој рок  ќе зависи од распложливите капацитети на хотел „Рамада Мажестик“ Букурешт http://ramada-majestic.hotels-in-bucharest.com/en/;

Минимален број за реализирање на оваа обуката е 15 учесници.  

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права