19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Бизнис-настани

30.06.2018 - 30.06.2018


Работилница Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА


Еднодневна работилница на тема:

ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

05.09.2018 година (среда)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Согласно законската регулатива и Меѓународните сметководствени стандарди (МСС), даночниот обврзник има законска обврска да води деловни книги. Евиденцијата е од исклучителна важност доколку се земе предвид дека оданочувањето се темели на податоците од сметководствената документација и во процесот на даночна постапка, даночните инспектори ги користат сите докази потребни за утврдување на фактите кои се од значење за оданочувањето.

           За таа цел Стопанската комора на Македонија, на 5 септември 2018 година, организира еднодневна работилница на тема: „Обврски за составување на годишна сметка, финансиски извештаи, ревизија, распоредување на финансиски резултат и исплата на дивиденда“, чија цел е да се овозможи едукација за правилна примена на законските одредби од оваа област со што ќе се намали ризикот од изрекување на прекршочни санкции при инспекциски надзор, како и исправно презентирање на податоците во финансиските извештаи.

ПРОГРАМА

I. ВОДЕЊЕ НА СМЕТКОВОДСТВО И ТРГОВСКИ КНИГИ
   • Законска регулатива;
   • Обврска за водење сметководство;
   • Класифицирање на трговците;
   • Водење на трговските книги;
   • Чување на трговските книги, на сметководствените документи, годишните сметки и финансиските извештаи.

II. ОБВРСКА ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ

  • Годишна сметка и финансиски извештаи кај мали, средни и големи субјекти;
  • Годишна сметка во случај на статусни промени;
  • Обврски за објавување на годишната сметка/финансиски извештаи кај посебни субјекти;
  • Консолидирани финансиски извештаи;
  • Ревизија на финансиски извештаи.
 
III. РАСПРЕДЕЛБА НА ДОБИВКА, ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА И ИЗДВОЈУВАЊЕ НА РЕЗЕРВИ

  • Распределба на добивка;
  • Покривање на загуба;
  • Пренос на даночна загуба од минати години;
  • Задолжителни и посебни резерви.

IV. ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

• Пресметка на дивиденда, начин на исплата и сметководствен и даночен третман;
• Авансна дивиденда;
• Задржан данок при исплата на дивиденда на странски правни лица;
• Практични примери.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска, правен консултант во „Консалтинг Интер Груп“, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 3.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права