Бизнис-настани

21.12.2018 - 21.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?


Еднодневен семинар:

КАКО ДА СЕ ГЕНЕРИРААТ КВАЛИТЕТНИ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ?
 – ГЕНЕРАЦИСКИ РАЗЛИКИ, ДИЗАЈН НА РАБОТНО МЕСТО И ПРЕРАСПРЕДЕЛБА НА РАБОТНО ВРЕМЕ

21.12.2018 година (петок)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

Овој семинар има за цел да сподели нови сознанија и практични искуства за подобрување на квалитетот на работата во компаниите преку генерирање квалитетни човечки ресурси, како носители на процесот. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно се вклучени во процесите на менаџирање на човечките ресурси. На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од привлекување и задржување на квалитетни работници, психолошки договор, генерациски разлики, дизајнирање на работно место и прераспределба на работното време. Семинарот особено ја потенцира потребата за правна доедукација за предметната проблематика, особено поради честите недоразбирања, погрешните толкувања и примена на правната регулатива во контекст на работното време и неговата распределба. 

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

- Зошто тешко се доаѓа до квалитетни работници?
- Како да се задржат квалитетните работници во организацијата?
- Како да се редизајнира работното место?
- Како да се прераспредели работното време, а да се зголеми ефикасноста?
- Како да се зголеми функционалниот обрт на вработени?
- Како да се изврши распределба на работното време во согласност со закон?

Програма:

- Односи човечки ресурси организација;
- Генерациски разлики;
- Задоволство од работното место;
- Индивидуална мотивација;
- Задржување на човечките ресурси;
- Прераспределба на работно време;
- Функционално дизајнирање на работното место;
- Распон перформанси-надомест;
- Контрола и мерење на отсуства;
- Првна рамка за распределба на работното време;
- Отворени дилеми и прашања во однос на примената на прописите за работно 
  време.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:

- Подобрување на односот на организацијата со своите вработени;
- Подобрување на имиџот на компанијата;
- Генерирање квалитетни вработени;
- Подобрување на статусот на префериран работодавач;
- Среќни и лојални вработени.

Предавачи:

-Александра Стоилковска, експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски фокус е ориентиран кон менаџментот на човечки ресурси, деловното лидерство, организациското однесување, организациското учење и менаџирањето на човечките ресурси во семејните бизниси.
На академско ниво, Стоилковска е доктор на науки во областа на менаџментот, со специјалност во менаџментот на човечки ресурси и редовен професор од областа на менаџментот на човечки ресурси. 

Јана Илиева, професор и член на Светската академија на науки и уметности, со долгогодишно искуство од областа на правото. Нејзината експертиза ја вклучува проблематиката на работните односи, деловното право и човековите права.Јана Илиева е доктор по правни науки, во областа на меѓународното право и е доцент по група предмети од областа на правните науки.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 18.12.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права