21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

18.05.2018 - 18.05.2018


Тренинг обука Стопанска комора на Македонија,  Македонија

АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ


АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ
18.5.2018 година (петок)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

 Научно е докажано дека стресот на работното место доведува до нарушена рамнотежа помеѓу професионалниот и приватниот живот, ја намалува работната ефикасност,  ги нарушува интерперсоналните релации, а последиците се огромни пред се` за личноста, но и за компанијата. За таа цел, Стопанската комора на Македонија, на 18 мај 2018 година организира „АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ“

За кого е наменет тренингот?


Тренингот е приспособен за претставници на бизнис заедницата од линиски, среден и врвен менаџмент кои сакаат да развијат вештини и техники применливи во секојдневниот живот со цел превенција на негативните ефекти од стресот. Тренингот се базира на употреба на научно базирани стрес менаџмент стратегии кои на посетителите ќе им овозможат да ги применуваат техниките на работното место и во секојдневието, да го идентификуваат оптималното ниво на стрес, а когнитивно бихејвиоралниот модел ќе им овозможи полесно самопознавање и справување со стресните ситуации.

Придобивки од тренингот

• релаксација;
• подобра лична и работна ефикасност;
• мотивираност;
• креативност;
• концентрација;
• организациски бенефит;
• економски бенефит;
• намалување на боледувањата.

ПРОГРАМА


1. I Модул
• Тело - ум поврзаност (КБТ-модел);
• Mониторинг на стрес.

2. II Модул
• Стрес менаџмент – научно докажани техники;
• Интерактивни вежби. 


3. III Модул
• 3Р  – Рестартирање, ревитализација, репрограмирање;
• АБЦ – Антистрес модел.

4. IV Модул 
• Предизвик за промена.
  

Предавач:
- д-р Вера Јовановска Типко, психијатар и когнитив бихејвиор психотерапевт. Нејзиното долгогодишно професионално искуство се темели на научно базиран третман, истражување и едукација за подобрување на психичкото здравје и личната благосостојба. Во тек на професионалната кариера ја изработува програмата за здрава компанија - стратегија за долготраен корпоративен успех која вклучува обуки за стрес менаџмент, mindfulness, комуникациски обуки со асертивен тренинг, емотивна интелигенција, конфликт менаџмент, вештини за јавен говор и преговарачки вештини.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 ручeк и освежување;
 сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 14.5.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права