18.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

19.10.2018 (Семинар)
СТЕКНУВАЊЕ БЕЗ ОСНОВ КАКО ПРАВНА ПОСЛЕДИЦА ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ДОГОВОРИТЕ ОБЕЗБЕДЕНИ СО ЗАЛОЖНО ПРАВО

25.10.2018 (Семинар)
НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА

26.10.2018 (Семинар)
УПРАВНИ ПОСТАПКИ ПРЕДВИДЕНИ ВО ЗАКОН ЗА МИНЕРАЛНИ СУРОВИНИ, РОКОВИ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ И ПРАВНА ЗАШТИТА

29.10.2018 (Семинар)
АДМИНИСТРАТИВНО УПРАВУВАЊЕ, ВОДЕЊЕ ДЕЛОВНА КОРЕСПОДЕНЦИЈА И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ

31.10.2018 (Семинар)
ЕФЕКТИВЕН ПРИСТАП И КОРИСНИ АЛАТКИ ВО СОВРЕМЕНИТЕ ПРОЦЕСИ НА ПРОДАЖБА И ПРЕГОВАРАЊЕ

31.10.2018 (Семинар)
ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЕСЈН И ЗАДОЛЖИТЕЛНО КОРИСТЕЊЕ НА ЕЛЕКТРОНСКИ ЈАВНИ НАБАВКИ

31.10.2018 (Бизнис средби)
Match4Industry Business Matching Индустриски саем и бизнис средби -Коџаели, Р.Турција

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународна конференција за текстил и деловни средби

Бизнис-настани

25.10.2018 - 25.10.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

НАМАЛУВАЊЕ НА ВКУПНИ ТРОШОЦИ ОД БОЛЕДУВАЊЕ, ПРИЧИНИ ЗА КОНТИНУИРАНО ОТСУСТВО ОД РАБОТА


Еднодневен семинар:

Намалување на вкупни трошоци од боледување, причини за континуирано отсуство од работа – Апсентизам и намалување на трошоци како последица од отсуство од работа - управување со промени, согласно законските одредби и заштита при работа

25.10.2018 година (четврток)
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Намалувањето на вкупните трошоци при реализација на работните процеси може да се спроведе преку идентификација на внатрешните и/или надворешните компаниски причини, вклучувајќи апсентизам, како и селективно отсуство од работа. Секоја активност во овој процес се извршува на адекватен, стандардизиран и планиран начин, со кој управувањето на трошоците станува извесно и во рамките на законските норми.

         Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

         Административен менаџмент и интегриран систем во процесите на деловно-административно работење:

   - Предмет, цел и содржина на процесот на намалување на вкупни трошоци;
- Организациски промени при зачестеност при отсуство од работа;
- Намалување на вкупни трошоци од боледување;
- Причини за континуирано отсуство од работа;
- Намалување на трошоци како последица од отсуство од работа;
- Управување со промени, согласно законските одредби и заштита при работа;
- Управување на документацијата поврзана со отсуство од работа;
- Примање и издавање документи;
- Процедури во контекст на отсуство oд работа.

          Апсентизмот се смета за секое отсуство од работа, без оглед на траењето или причината/недостаток. Најчести причини за апсентизмот се следните:
   • семејни проблеми;
   • болест;
   • лични потреби;
   • стрес.
 
          Апсентизмот доаѓа како резултат на незадоволството на вработените во работната организација, услови на работа или меѓучовечки односи. Апсентизмот е знак за натамошни флуктуации, а флуктуацијата укажува на негативни тенденции и проблеми во организацијата. Стапката на апсентизмот е обратно пропорционална на конкурентноста на вработените, а конкурентноста на вработените добива директно влијание на вредноста на човечкиот капитал. Вредноста на човечкиот капитал се мери со различни показатели, како што се знаењето и вештините на вработените, професионалниот стаж, староста, флуктуациите, инвестициите во образованието и слично.

Програма на семинарот:


Дел 1/3:
  - Предвидување на потенцијални одстуства во т.н. рана фаза;
  - Идентификација на неодговорни вработени;
  - Принцип на флексибилно работно време;
  - Потреби на вработените;
  - Што претставува вистинска мотивација за вработените; 
  - Договор за вработување на (не)определено време;
  - Спречување на појава на судски постапки;
  - Мотивација за повторување на процесот на апсентизам;
  - Разбирање на потребите и желбите на вработените;
  - Анализа на начинот на планирање на отсуство;
  - Процес на т.н. создавање на лојалност.

Дел 2/3:
  - Причини за отсуство од работа;
  - Какво е однесувањето на вработените и зошто треба да се грижиме за тоа;
  - Зошто однесувањето на вработените е различно и/или динамично;
  - Кој е системот на вредности и кои се реалните вредности за секој вработен;
  - Каква е перцепцијата на вработените;
  - Кои се факторите што влијаат врз т.н. чести отсуства од работа;
  - Основни алатки за управување со отсуството;
  - Надворешни причини за отсуство од работа;
  - Внатрешни причини за отсуство од работа;
  - Управување со трошоци.

Дел 3/3:
  - Мерење и анализа на отсуство од работа;
  - Основни алатки за управување со отсуство од работа;
  - Процедури, правила, управување со работата и корелација со апсентизам;
  - Управување во процес/секотор на човечки ресурси;
  - Наградување и мотивација;
  - Почитување на упатствата на работодавачот;
  - Почитување на прописите за заштитата при работата.


Целна група

Директорите/раководителите на секторите за човечки ресурси во компаниите, вработените во компаниите на раководни позиции, како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  ефективно и ефикасно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во рамките на апсентизмот, како и извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси (човечки, технички и останати).

 
Предавач:

- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 19.10.2018 година.                                          


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права