27.06.2017 (Настан)
ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

28.06.2017 (Семинар)
Еднодневен семинар: ФИНАНСИСКА АНАЛИЗА СО ПРИМЕНА НА EXCEL

29.06.2017 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА

29.06.2017 (Семинар)
БЕЗБЕДНО ДЕЛОВНО ОПКРУЖУВАЊЕ

29.06.2017 (Тренинг обука)
Тренинг обука на тема:КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА ОЦЕНУВАЊЕ И МОТИВИРАЊЕ НА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО ВАЖЕН МЕХАНИЗАМ ЗА РАЗВОЈ

04.07.2017 (Инфо сесија)
ИНФО СЕСИЈА НА ТЕМА: ИНФОРМИРАЊЕ НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПРИДОБИВКИТЕ И ОБВРСКИТЕ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

05.07.2017 (Семинар)
НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА ВО ЈАВНИОТ И ВО ПРИВАТНИОТ СЕКТОР

14.07.2017 (Семинар)
АНТИСТРЕС ТРЕНИНГ ЗА ЕФИКАСНО УПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС НА РАБОТНОТО МЕСТО (СТРЕС МЕНАЏМЕНТ СТРАТЕГИИ И ТЕХНИКИ)

17.07.2017 (Форум)
КИНЕСКИ ИНВЕСТИЦИСКИ ФОРУМ 2017 - 17-19.07.2017 ПРАГА, Р.ЧЕШКА

19.09.2017 (Саем)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „FOOD ISTANBUL 2017“

19.09.2017 (Конгрес)
10. Светски Коморски Конгрес - 19-21.09.2017 Сиднеј, Австралија

20.09.2017 (Саем)
САЕМИ ЗА ГРАДЕЖНИШТВО, ЕНЕРГЕТИКА И ВОДИ- 20-24.09 БУДВА, ЦРНА ГОРА

22.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ-EEН „ ARCH 2017“ (ГРАДЕЖEН СЕКТОР) на 22 септември 2017 година, во Прага, Република Чешка

27.09.2017 (Бизнис средби)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „ INTERNATIONAL PHARMACEUTICAL PRODUCTS MEETING 2017 “

28.09.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ – 28-29 септември 2017 Тирана, Албанија

02.10.2017 (Тренинг обука)
Тренинг-програма со WIFI:МЕЃУНАРОДЕН МАРКЕТИНГ-МЕНАЏМЕНТ ЗА ПРОМОЦИЈА И НАСТАП НА АВСТРИСКИОТ ПАЗАР

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија



  Повици на ЕУ

  ИПА

  ЦИП 

Проекти

Проекти / Иницијативи / Програми

http://www.mchamber.mk//upload/usaid-epicentar.png http://www.mchamber.mk//upload/komora-masit-oemvp.png

Назив на проектот: Проект на УСАИД - Партнерство за подобра бизнис регулатива

Времетраење на проектот: Октомври 2016 – Септември 2020
Главен имплементациски партнер: ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал 
e-маил: contact@epicentar.mk
мобилен: +38970245798
телефон: +389 2 3233 753

Имплементациски партнери:
Стопанска комора на Македонија;
Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ;
Стопанска комора на Северозападна Македонија

Цели на проектот:
• Цел 1: Микро и малите бизниси од Македонија да ја подобрат нивната усогласеност со законските барања
• Цел 2. Бизнис организациите да воспостават конструктивен дијалог за подобрување на регулативата
Краткорочно влијание:
• Подобрени капацитети на внатрешните и надворешните правни и финансиски советници
• Подобрување на размената и пристапот до информации
Долгорочно влијание:
• Зголемена финансиска и правна усогласеност на МСПа-та со регулативата
• Подобрена бизнис регулатива како резултат на предлозите на приватниот сектор
• Севкупно економско влијание
Главни бизнис сектори:  Земјоделие, Текстил, Градежништво, ИТ, туризам
Корисници:
• Старт-ап компании 
• Постоечки компании, идентификувани и селектирани од имплементациските партнери;
• 70% од вкупниот број на корисниците вклучени во проектот ќе бидат лоцирани надвор од Скопје, а останатите од Скопје; минимум 30% жени претприемачи 

Активности на проектот:
A1: Ваучерска шема, Инфо сесии, Тренинзи за внатрешни и надворешни советници
A2: Креирање на агрегатен портал со информации за бизнис регулативата
A3: Организација на форуми за зголемување на свесноста и усогласеноста со правните и финансиски регулативи
A4: Креирање на “Листи за самоконтрола” и водичи и брошури за усогласеност со законска регулатива 
A5: Подобрување на вештините и способностите на вработените во Коморите со цел поддршка на компаниите за усогласеност со регулативите
A6: Воспоставување соработка и користење на добри практики во коморско работење од ЕУ
A7: Промовирање на одржлива и независна платформа за пренесување на потребите на бизнис заедницата кон креаторите на политики
A8: Развивање на капацитети за застапување и лобирање на имплементациските партнери.
A9: Развој на Позициски документи идентификувани преку таргетираните секторски групи
A10: Промоција на ЕНЕР


 

Назив на Проектот: ЕУ Проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“
Времетраење на Проектот:  1 година  (2017 година)
Координатор на Проектот: Стопанската комора на Македонија
Партнер во Проектот: Полио Плус

Стопанската комора на Македонија и Полио Плус –движење против хендикеп започнаа со реализација на заеднички едногодишен ЕУ-проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“. Овој проект е дел од Оперативната програма за развој на човечките ресурси 2007-2013 година – ИПА.

Генерална цел на Проектот:
Формирање на Центарот за вработување на лица со хендикеп со цел подобрување на нивните вештини, образование и квалификации кои ќе придонесат за нивна целосна интеграција во општеството и за нивно поголемо вклучување на пазарот на труд
Новоформираниот Центар за вработување на лица со хендикеп ќе претставува иновативно решение кое цели да ги унапреди, зајакне и да ги зголеми капацитетите на лицата со хендикеп за напредување во нивната професионална кариера. Од друга страна, цел сет на активности ќе биде имплементиран и насочен кон институциите и компаниите, со цел да се отворат можностите за целосно и ефикасно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.

Токму затоа, овој проект има за цел да ја зголеми вклученоста на лицата со хендикеп, кои како лица со зголемен ризик ќе се подготват преку соодветни обуки да се вклучат на отворениот пазар на труд и оваа цел ќе се постигне преку:

1. воспоставување на иновативен сервис за вработување за лица со хендикеп;
2. јакнење на капацитети за вработување и напредување во кариерата на лицата со хендикеп;
3. јакнење на капацитетите на бизнис секторот за вклучување на лицата со хендикеп во работните активности и
4. зголемување на корпоративна одговорност и свест на компаниите за лицата со хендикеп кои ќе бидат третирани како еднакви придонесувачи во работните процеси како и останатите вработени.
 
Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе понуди пет различни програми наменети за индивидуалните потреби на лицата со хендикеп, како и во согласност со потребите и интересите на отворениот пазар на труд.
 
Четири од овие програми ќе бидат наменети за лицата со хендикеп и тоа:
1. Програма за подготовка за вработување - преку унапредување на знаењето и вештините на лицата со хендикеп да се зголемуваат шансите за квалитетно и достоинствено вработување;
2. Програма за поддршка при наоѓање работа - преку зголемување на самодовербата, комуникациските и писмените вештини на лицата со хендикеп ќе се подобри  самопретставувањето на овие лица пред потенцијалните работодавачи;
3. Програма за претприемништво - преку развивање на капацитетите и поддршката на самовработување на лицата со хендикеп;
4. Програма за волонтерство - со стекнување практични знаења и вештини во  партнерските компании, но и во самиот Центар и
5. Бизнис програма – преку оваа програма ќе се таргетираат компаниите кои се спремни и сакаат да вработат лица со хендикеп или пак веќе имаат вработено такви лица.

Преку градење на капацитетите на бизнис-секторот, преку обуки за соработниците на лицата со хендикеп, како и преку константна поддршка на компаниите од страна на врвни експерти, ќе се овозможи инклузивна, професионална, пријателска и продуктивна атмосфера за работа и имплементирање на активностите. Колку што се битни знаењата и вештините на лицата со хендикеп, толку е битно да се сензибилизираат компаниите и нивните менаџерски тимови за целосна и ефективна инклузија на лицата со хендикеп.

Центарот за вработување на лица со хендикеп ќе биде лоциран во просториите на Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот.

Овој проект е финансиран од Европската комисија. Министерството за труд и социјална политика е координатор на Програмата ИПА за социјална инклузија.
Спроведувач е Министерството за финансии, Секторот за централно финансирање и склучување договори (ЦФЦД), заедно со Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот и Полио Плус, партнер во Проектот.

 



 

ПОВИК за пријавување на кандидати за препознавање
на претходно знаење и вештини

Во рамките на ЕУ-иницијативата BUILD UP Skills (http://www.buildupskills.eu), која има за цел подобрување на квалификациите и вештините на европските градежни работници за постигнување на зголемена енергетска ефикасност на објекти, во Македонија во тек е реализација и имплементација на втората фаза на проектот „BUILD UP Skills – Builders’ Energy Efficiency Training (BEET)”. Иницијативата е фокусирана на континуирано неформално образование за различни занимања вклучени за изградбата на објекти.

Целта на Проектот е реализација на тренинг-програми за развој и унапредување на вештини на работниците од градежниот сектор за постигнување на зголемена енергетска ефикасност во објекти, за 5 (пет) занимања кои во Патоказот (http://www.buildupskills.mk/images/Publikacii/Roadmap/EN_Roadmap_BUS-MK.pdf) се дефинирани како приоритетни.

Како дел од проектните активности, Проектот „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност(BUILD UP Skills – BEET)”, организира

ПРЕПОЗНАВАЊЕ (ВЕРИФИКАЦИЈА)
на претходно знaење и вештини за енергетска ефикасност
на градежните работници
и објавува
ПОВИК ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
на кандидати за препознавање на претходно знaење и вештини
за енергетска ефикасност за следните занимања:
фасадери, кровопокривачи, столари, инсталатери на греење, ладење и вентилација и инсталатери на електрични инсталации

повеке информации ке можете да најдете на веб страната од проектот
http://www.beet.mk/mk/prepoznavanje-na-prethodno-znaenje-i-vestini/158-povik-za-prijavuvanje-kandidati-za-prepoznavanje-znaenje-i-vestini

 

Проект: „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“
(BUILD UP Skills - Builders' Energy Efficiency Training - BEET)

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Од август 2014 година и Македонија е дел од европската иницијатива за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор, преку реализација на втората фаза на Проектот „Build up skills“, како дел од Програмата за конкурентност и иновативност – од потпрограмата на ЦИП - Интелигентна енергија на Европската комисија, менаџирана од Европската агенција за мали и средни компании (ЕАСМЕ), кој е последен проект што се реализира од претходната ЦИП-програма (од јануари 2014 година наследничка на Програмата ЦИП, а тоа е новата Програма КОСМЕ што ќе се реализира во следниот седумгодишен период). 

Во првата фаза од  ЕУ-иницијативата на Build up skills, се подготвија два значајни документа за градежниот сектор. Првиот документ е Анализа на постојните состојби во градежниот сектор (Status Quo Analysis) и вториот документ е Патоказот за развој на капацитетите на градежните работници во Македонија (Road Map). Со  овие два документа се дефинираа професионалните квалификации и потребните модули за надградба и дообука на работниците од градежниот сектор, со цел јакнење на капацитетите на квалификувани работници и занаетчии со вештини и знаења за градење и реконструкција на енергетски ефикасни објекти.
 
ЦЕЛИ

Главната активност на Европската иницијатива Build up skills „Обука на градежните работници за енергетска ефикасност“ е да им помогне на европските национални економии да ги подобрат капацитетите на работниците во градежниот сектор, со акцент на обука и едукација на градежните работници за енергетска ефикасност, за да може и Република Македонија да ги постигне параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија.

Иницијативата на Европската унија за градење на капацитетите на работниците во градежниот сектор е со цел да ја подготви и нашата земја во делот на квалификација и преквалификација на градежните работници, со акцент на обука и едукација на работниците во градежните сектор, со цел да се постигнат параметрите на ЕУ Стратегијата 2020 за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија во градежниот сектор.

Целта на втората фаза од оваа  иницијатива на ЕУ е да се развијат материјали и модули за обука на кадар во градежниот сектор во делот на енергетската ефикасност во градби. За таа цел, ќе се обучат тренери - обучувачи кои понатаму ќе ги обучуваат градежните работници во Македонија. До крајот на 2015 година ќе се спроведат 5 вида на обуки за енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија и тоа обуки за:
1. обвивка на зграда;
2. застаклување;
3. кров;
4. електрична инсталација;
5. вентилација, ладење и греење.

Предлогот за овие 5 обуки кои се дел од претходната анализа направена во градежниот сектор ќе обезбеди вклучување на 5 занимања идентификувани како приоритетни во националната карта во Македонија, со цел да се подобри  состојбата на занимањата, односно да се добие стручно подготвен  кадар во градежниот сектор за градење на енергетски ефикасни градби. Развојот на материјалите и модулите  на овие 5 занимања ќе значи готови модули за верификација на овие занимања кои ќе можат понатаму да бидат дел од неформалното образование.

Очекувани резултати од планираните обуки во септември 2015 година ќе бидат:
- 200 обучени и сертифицирани обучувачи-тренери - за 40 приоритетни занимања на програми за подобрување на енергетската ефикасност;
- 10 обуки - практична настава за градежните компании;
- 1000 сертифицирани работници кои имаат претходно работно искуство во делот на енергетската ефикасност и ќе дополагаат испити од новите модули за признавање на дипломата  и
- 50 градежни работници на терен кои ќе бидат обучени за енергетска ефикасност.

Новина е тоа што обучените тренери и обучените градежни работници ќе можат да работат и во една балканска земја, членка на ЕУ, а тоа е Хрватска, согласно потпишаниот Меморандум на взаемно признавање на сертификатите за градежните работници во енергетската ефикасност во рамките на Проектот, кој беше потпишан меѓу националните конзорциуми на Македонија и Хрватска.

ПАРТНЕРИ ВО ПРОЕКТОТ

Конзорциумот за имплементација на овој проект во Република Македонија е составен од: Стопанската комора на Македонија, како координатор на Проектот, Факултетот за електротехника и информатички технологии, потоа ЈУ Центарот за образование на возрасни, Здружението на бизнис-консултанти „Креација“, Центарот за промоција на одржливи земјоделски практики и рурален развој – ЦеПроСАРД (Здружение на граѓани) и Факултетот за бизнис економија од Скопје.

Втората фаза на оваа Европска иницијатива паралелно се спроведува во 20-тина земји на ЕУ (30 европски земји беа во првата фаза), а Македонија и Хрватска се единствени кои учествуваат во истата од регионот. Македонија е единствена земја која не е членка на ЕУ, а го доби овој проект кој ќе биде координиран од страна на Стопанската комора на Mакедонија.

Исто така, оваа иницијатива беше поддржана од страна на сите релевантни институции во земјава, како што се министерства, агенции, градежниот сектор, едукативниот сектор за формално и неформално образование, како и невладиниот сектор кој се занимава со ЕЕ и ОИЕ.

 


ЕУ Проект „Build up skills MK“
(Градење капацитети во градежниот сектор во Македонија)
www.buildupskills.mk

ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОЕКТОТ

Во рамките на Програмата за конкурентност и иновативност на Европската комисија – Интелигентна енергија, покрената е широка иницијатива на Европската унија за подобрување на енергетската ефикасност во градежниот сектор „Build up skills“ (Градење капацитети во градежниот сектор).
Оваа иницијатива, од ноември 2011 ги здружи активностите на 21 земја членка на Европската унија (Австрија, Белгија, Бугарија, Кипар, Данска, Естонија, Шпанија, Финска, Германија, Унгарија, Ирска, Италија, Холандија, Велика Британија, Латвија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Шведска и Словенија). Од јуни 2012, по успешно завршените преговарачки активности, дел од иницијативата станаа уште 9 земји, меѓу кои и нашата земја (Хрватска, Чешка, Франција, Македонија, Грција, Литванија, Луксембург, Малта и Словачка).
Националниот дел од Проектот „Build up skills MK“ (Градење капацитети во градежниот сектор во Македонија), се води под акронимот BUS-M.

ЦЕЛИ
Да се дефинираат и квантифицираат потребите и можностите на македонскиот градежен сектор, за остварување на нивниот придонес во постигнувањето на амбициозните национални цели за енергетска ефикасност.

КОНКРЕТНИ ЦЕЛИ
Создавање на работна сила со доволно знаење или умешност за градење на енергетски ефикасни објекти; потребно е развивање на правни и политички мерки со цел постигање на пазарна евалвација на квалификуваната работна сила.
Со цел остварување на амбициозните национални цели во ЕЕ сферата, во рамките на проектот BUS-M се планира:
• Анализа на националниот status quo;
• Развој на национален патоказ за воспоставување на систем за доживотна обука на градежните работници во областа на енергетската ефикасност;
• Обезбедување на одобрување на националниот патоказ, а со тоа и пазарна евалвација на квалификуваната работна сила

РЕЗУЛТАТИ
Практичното знаење на специјализираните работници ќе обезбеди и овозможи зголемување на енергетската ефикасност и примена на обновливи извори на енергија (ОИЕ) во секојдневната градежна практика.
Ќе се зголеми контролата на квалитет на процесот на градење на енергетски ефикасни објекти од страна на властите, професионалниот и инвеститорскиот сектор.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ
Партнери во овој проект се: Стопанската комора на Македонија, Агенцијата за енергетика на Република Македонија, Градежниот институт „Македонија“ АД, Здружение на бизнис-консултанти „Креација“ и Факултетот за електротехника и информациски технологии од Скопје.

НАЦИОНАЛНА ПЛАТФОРМА НА КВАЛИФИКАЦИИ
Националната платформа на квалификации е мрежа од контакти и организации кои се активно вклучени во одезбедувањето на компетентна и квалификувана македонска работна сила во градежниот сектор, потребна за постигнување на националните цели за зголемување на енергетската ефикасност. Таа е составена од:
1. Насочувачки комитет
2. Секретаријат
Платформата ќе работи преку работни групи и пленарни состаноци.

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ПРОЕКТОТ
18 месеци

 

Проект: ABC-DIHK 

Асоцијација на Балканските Комори (АБК)
Националните комори од балканските земји ја основаа АБК на 17 септември 1994 година, во Мангалија, Романија, со крајна цел: создавање слободна трговска зона на Балканот.

Нашите активности се насочени кон:
• ревитализација и унапредување на стопанската соработка во регионот;
• либерализација на трговијата во регионот;
• отстранување на нетарифни пречки во меѓусебните трговски односи;
• поттикнување на интраинтеграција;
• забрзување на интегративните процеси кон ЕУ;
• промовирање на арбитражно решавање на споровите во трговијата;
• промовирање на деловната етика;
• коморско институционално зајакнување.
Функционирање на АБК :
• Претседателство на ротациона основа;
• Генерално собрание;
• Секретаријат, на ротациона основа со Претседателство;
• работни групи.
Активности на АБК:
• давање деловни информации релевантни за регионот и за секоја земја-членка на АБК;
• поддршка во воспоставување нови деловни контакти;
• промовирање на стопанските потенцијали;
• застапување на интересите на претпријатијата пред државните институции;
• соработка во решавањето спорови на претпријатијата;
• соработка со други регионални иницијативи: Пактот за стабилност, SECI, Балканскиот центар за трговска промоција, Црноморската иницијатива за соработка.

 

Проект: BCTP         

Балкански регионален центар за унапредување на трговијата - БЦТП
Балкански регионален центар за унапредување на трговијата ( BCTP -Balkan Regional Center for Trade Promotion)
Балканскиот регионален центар за трговска промоција, со потпишување договор, го имаат основано шефовите на државите од Југоисточна Европа, за време на одржувањето на Самитот, на   13 октомври 1998 година во Анталија, Турција.

Организации-основачи:
- Албанска агенција за унапредување на инвестициите (АНИХ), Тирана;
- Бугарскиот центар за промоција на извозот (БЕПЦ), Софија;
- Грчкиот одбор за надворешна трговија (ХЕПО), Атина;
- Стопанската комора на Македонија (ЕЦМ), Скопје;
- Романскиот центар за трговска промоција (РТПЦ), Букурешт;
- Министерство за меѓународни економски односи на Србија и Црна Гора, Белград;
- Извозниот промотивен центар на Турција (ИГЕМЕ), Анкара.
Седиштето на Постојаниот секретаријат на БЦТП е во ИГЕМЕ, Анкара.

Активности:
- промоција на регионалната трговија:
- саемска промоција во рамките на заедничкиот штанд на БЦТП на меѓународните саеми во: Измир, Солун, Пловдив, Скопје, Букурешт,  Белград. За учесниците и посетителите на саемите се организира семинар на тема "Трговските инвестициони можности на Балканот";
- BCTP Network;
- Билтен на балканската трговија, во којшто има  информации за трговијата, понуда и побарувачка, тендери, инвестиции, потенцијалите на земјите-основачи. Билтенот се печати и бесплатно се дистрибуира  двапати годишно;
- истражување и развој:
- преку креираната база на податоци којашто ги содржи сите потребни информации и статистики коишто се однесуваат на земјите од Југоисточна Европа;
- редовна размена на трговски информации;
- маркетиншки истражувања по земја, гранка и производ;
- понуда и побарувачка:
- фирмите имаат директен и бесплатен пристап до интернет- страницата за понуда и побарувачка на следнава њеб-страница хттп://њњњ.балцантраде.орг
- меѓународни односи:
- воспоставена е соработка со Пактот за стабилност, ССЕЦИ, Асоцијацијата на балканските комори (АБЦ) и со Црноморската иницијатива за соработка;
- обука:
- се организираат тренинзи, семинари, работилници, со цел размена на искуства, Know-How меѓу организациите за трговски развој во Југоисточна Европа.

 

Eurochambres (Асоцијација на европските комори)

Извештај за инвестициона реформа во земјите од Западен Балкан, издаден од страна на Асоцијацијата на европските стопански комори – EUROHAMBRES, во рамките на Проектот Partners for Investment Promotion, кофинасиран од страна на Европската унија и со поддршка на OECD.

 

Проект: CEFTA-DIHK     

ЦЕФТА-ДИХК ПРОЕКТ ЗА ПАРТНЕРСТВО
Со оглед  на добрите постигнати резултати преку АБЦ-ДИХК  партнерскиот проект, како и фактот дека на коморите, особено од Западен Балкан им е потребна  понатамошна поддршка при реализацијата на активностите на патот кон зачленување во ЕУ, АБЦ коморите и Асоцијацијата на германски комори ја започнаа постапката за нов проект. Надлежните институции во Германија (BMZ и SEQUA) ја дадоа потребната согласност за започнување нов проект.

 

 


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Јадранка Аризанковска
Тел: ++ 389 2 3244038 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: jadranka@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права