19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

12.02.2018


Актуелно  

ШТО МИСЛИТЕ: Треба ли Македонија да го укине летното и зимското сметање на времето?


Усвоениот предлог за укинување на летното и зимското сметање на времето од страна на мнозинството пратениците во Европскиот Парламент, допрва треба да чека на одлуката на Европската Комисија која треба да ги согледа предностите и последиците од ваквата евентуална промена. Различните размислувања меѓу членките на Унијата кои се за или против оваа можност, може да предизвика сериозни поместувања на единствениот европски пазар, но доколку се одлучи да се примени ваква одлука, логично би се наметнала потребата да се размислува и за покренување на ваква иницијатива кај нас.


- Првичното размислување во однос на подршката за укинување на летното и зимското сметање на времето и во Македонија, доколку истото се случи и во ЕУ, гледано од аспект на стопанството, ја темелиме на податокот дека земјите членки на Европската Унија се наши најголеми надворешно – трговски партнери, со учество од 81 отсто од нашиот извоз во ЕУ и за редовно, навремено одржување на бизнис релациите, покорисно би било да не постои временско разидување, односно да ја имаме истата позиција како и досега – велат од Стопанската комора на Македонија.


Летното и зимското сметање на времето како предложен систем пошироко бил применет пред точно еден век, со што во Европа била прифатена конвенцијата зимското сметање на времето да почнува последната недела на октомври и да трае до последната недела од март. Ова правило, прифатено и кај нас со носење на Закон за сметање на времето во 1996 година, во најголема мера се однесувало на потребата за користење на повеќе дневна светлина во текот на денот. Ова генерално им оди во прилог на компаниите од земјоделскиот сектор и други дејности кои се поврзани со потребата од повеќе дневна светлина. Според некои истражувања на овој начин се влијаело на заштеда на електрична енергија со намалување на периодот на вештачко осветлување, некаде и со заштеда во потрошувачката на нафта, секако влијае и на продуктивноста на работната сила, што од економска гледна точка е многу важен параметар.


- Доколку дојде до позитивна одлука од страна на ЕК, а истата не се примени и кај нас, во прв налет можни се одредени последици од економски, односно трошковен аспект, прво во областа на транспортот, преку пореметување на утврдените возни редови, усогласување на софтверските решенија кои се применуваат во надворешно трговското работење, итн. Секако, треба да се направи соодветна анализа од повеќе аспекти, во поширок круг на дејности,за да може однапред да се предвиди влијанието од ваквата мерка. Ако таа се покрене и кај нас, Стопанската комора на Македонија ќе направи соодветно анкетно истражување меѓу своето членство за да ги види евентуалните позитивни или негативни укажувања – велат од Комората.

Пренесено: http://faktor.mk/shto-mislite-treba-li-makedonija-da-go-ukine-letnoto-i-zimskoto-smetanje-na-vremeto











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права