28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

06.08.2018


Актуелно  

СТАВ: Време е да се свртиме кон дигиталната трансформација


Бранко Азески, претседател
Стопанска комора на Македонија

Македонските компании секојдневно се соочуваат со предизвиците на дигиталната трансформација и потребата да се користат дигитални технологии за да се забрза нивниот раст, како и да се иновираат процесите, производите и услугите, со цел истите да се приспособат на новите генерации потрошувачи.

Од аспект на технологија, Македонија е солидно позиционирана на мапата за аутсорсинг на технолошки решенија. Но способноста за аутсорсинг не секогаш произведува иновации. Оттука, македонскиот талент за технолошки иновации треба подобро да се подготви и потоа да се искористи за развој на оригинални производи и решенија, наместо ниско-платени интелектуални услуги. Ваквите оригинални производи и решенија треба да се базираат на ткн. “паметни” технологии, како cloud, big data, blockchain, AI, IoT, 3D printing, machine learning, роботи/дронови и слични, и да се применат најпрво на домашниот, а потоа и на странските пазари. Напредните технолошки решенија, во комбинација со бизнис вештини за развој на производи и услуги, управување, пристап до пазари, маркетинг и други “меки” вештини, се неопходни услови за успех на македонските компании. Токму овие прашања беа централна точка на Самитот на малите земји – Нови трендови во бизнисот, кој Стопанската комора на Македонија го организираше во март оваа година, и на кој пр
ви во регионот отворивме дискусија за овие прашања.

Податоците говорат дека токму дигитализацијата може да биде клучниот импулс на спроведување на процесот на реиндустријализација на македонската економија, кој ни е неопходно потребен – впрочем процесот на дигиталната трансформација може да биде креатор на економскиот раст, затоа што статистиката покажува дека 10-процентен раст на индексот на дигитализација значи 0,63% раст на БДП. Уште повеќе, унапредувањето на процесот на дигиталната трансформација се поврзува со директен раст во индустријата – и тоа раст од 2,12% на продуктивноста, и раст од 1,16% на вработувањето. Дури и пошироко – токму дигиталната трансформација може да биде приликата да се одговори на некои од клучните структурни, економски, политички и социјални предизвици со кои се соочува македонското општество, како впрочем и целиот регион.

Затоа, со сите сили треба да се свртиме кон обезбедување на поддршка за создавање и оддржливост на дигитален иновациски екосистем, кој ќе го олесни транзицискиот напор од ткн. “водена-од-ефикасност” до “водена-од-иновации” економија, и ќе го унапреди македонскиот иновациски профил од “скромен” преку “просечен” до “силен”. Иницијативата долгорочно може да овозможи отворање на нови работни места, намалување на стапката на невработеност кај младите (втора највисока во Европа) и одливот на кадри (brain-drain), како и зголемен раст и развој на македонската економија.

п.с. Процесот на дигитална трансформација опфаќа многу повеќе од купување на нова автоматизирана машина или отварање на on-line продавница – најопшто земено, дигиталната трансформација вклучува интегрирање на дигитални технологии во сите аспекти на деловното работење, што треба да резултира во клучни промени во начинот на кој бизнисот функционира (производите, процесите, но и начинот на кој луѓето се вклучени во тоа).











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права