23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Бизнис-настани

22.06.2017 - 22.06.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Еднодневен семинар на тема: Водење на е-деловодник и негово усогласување со рачно водење на деловодник имплементирајќи ги најновите измени на Законот за архивски материјал


          Со Законот за архивски материјал, се доуредуваат определени прашања кои се однесуваат  на канцелариското работење, движењето на документите во институцијата, архивското работење, скенирање на документите директно во Деловодникот како и распределувањето на документите по вработени во институциите. 

Цел на семинарот:
          Да се разработат темите кои се однесуваат на усогласеноста помеѓу рачното водење на деловодникот и е-деловодник како и водење на останатата пропратна документација по однос на канцелариското и архивско работење, согласно Упатството за начинот на одбележување на документите со рокови на нивно чување, водењето на попис на документи, начинот на нивно водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги. 

За кого е наменета обуката?
         Директорите/раководителите на секторите за нормативно-правни работи во компаниите, вработените во компаниите задолжени за архивско и канцелариско работење, за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и унапредат техниките на  канцелариското и архивското работење, да се информираат со последните актуелности и новини во Законот архивски материјал, да започнат со водење на електронска архива (водење на е-деловодник), како и за сите заинтересирани субјекти чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот.

ПРОГРАМА
• Закон за архивски материјал;
• Приватен  архивски  и  документарен материјал;
• Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското и архивското работење;
• Уредба за канцелариско и архивско работење;
• Правилник за кадровски, технички и просторни услови за работа на документарните центри;
• Упатството за начинот на одбележување на документите со подолги рокови на користење;
• Канцелариско работење;
• Движење на документите;
• Архивско работење;
• Распределување на документите по вработен;
• Дефинирање на сопствени независни категории и поткатегории;
• Водење на попис на документи, начин на водење и во кои случаи се применува водењето на интерна доставна книга и сите останати помошни книги (книга за место, книга за пошта)

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 работен материјал;
 освежување за време на паузите;
 сертификат за присуство на семинарот. 

Рок за пријавување: 19.6.2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права