Бизнис-настани

13.12.2018 - 14.12.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Дводневен семинар: Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам


Дводневен семинар:

Мерење на вкупни трошоци од боледување, идентификација на причини за континуирано отсуство од работа – апсентизам и намалување на трошоци како последица од отсуство од работа - управување со промени и приоритетната улога на менаџерите од прво ниво, менаџерите од правна служба и менаџери за човечки реурси

13-14.12.2018 година (четврток и петок)
09:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


 Проблемaтиката на отсуството од работа може да значително да влијае врз директните трошоци за работодавачите, како и потенцијално создавање дополнителни трошоците кои се потешко можат да се измерат. Трошоците за намален квалитет на производството, како и зголемено време на отсуство во замена на отсутни вработени е во директна корелација со намалувањето на вкупните трошоци при реализација на работните процеси. Секоја активност на ниво на процесот на Апсентизам се извршува на адекватен, стандардизиран и планиран начин, со кој управувањето на трошоците станува извесно и во рамките на законските норми.

Целта на семинарот е да се разработат темите кои се однесуваат на:

Административен менаџмент и интегриран систем во процесите на деловно-административно работење:

- Правилник и процедура за отсуство од работа;
- Цел и содржина на процесот на намалување на вкупни трошоци;
- Организациски промени при зачестеност при отсуство од работа;
- Намалување на вкупни трошоци од боледување;
- Причини за континуирано отсуство од работа;
- Намалување на трошоци како последица од отсуство од работа;
- Управување со промени, согласно законските одредби и заштита при работа;
- Управување на документацијата поврзана со отсуство од работа;
- Примање и издавање на записи/документи;
- Последици во контекст на отсуство до работа.

Стапката на апсентизмот е обратно пропорционална на конкурентноста на вработените, а конкурентноста на вработените добива директно влијаое на вредноста на човечкиот капитал. Апсентизмот се смета за секое отсуство од работа, без оглед на траењето или причината/недостаток. Најчести причини за апсентизмот се следните: семејни проблеми, болест, лични потреби, стрес или потреба за замена во контекст на отсуство од работа во одреден временски период кој може да биде значително важен за компанијата. Апсантизмот доаѓа како резултат на незадоволството на вработените во работната организација, услови на работа или меѓучовечки односи. Апсентизмот е знак за натамошни флуктуации, а флуктуацијата укажува на негативни тенденции и проблеми во организацијата. Вредноста на човечкиот капитал се мери со различни показатели, како што се знаењето и вештините на вработените, професионалниот стаж, староста, флуктуациите, инвестициите во образованието и сличнo.

Програма на семинарот:

Дел 01/3: Идентификација, мерење и управување со биометрички податоци од апсентизам:

- Предвидување на потенцијални одсуства во т.н. рана фаза;
- Идентификација на неодговорни вработени;
- Принцип на флексибилно работно време;
- Потреби на вработените;
- Што претставува вистинска мотивација за вработените; 
- Договор за вработување на (не)определено време;
- Спречување на појава на судски постапки;
- Мотивација за повторување на процесот на апсентизам;
- Разбирање на потребите и желбите на вработените;
- Анализа на начинот на планирање на отсуство;
- Процес на т.н. создавање на лојалност.

Дел 02/3: Краткорочни и долгорочни отсуства, организациско однесување на вработените и причини за отсуство:
- Квантитативни механизми за мерење;
- Причини за отсуство од работа;
- Какво е однесувањето на вработените и зошто треба да се грижиме за тоа;
- Зошто однесувањето на вработените е различно и/или динамично;
- Кој е системот на вредности и кои се реалните вредности за секој вработен;
- Кои се факторите што влијаат врз т.н. чести отсуства од работа;
- Основни алатки за управување со отсуството;
- Надворешни причини за отсуство од работа;
- Внатрешни причини за отсуство од работа;
- Управување со трошоци.

Дел 03/3: Мониторнинг и известување за отсуство од работа – систем за управување со документи:
- Интервју (прво и второ) за враќање на работа;
- Процедура за мерење и анализа на отсуство од работа;
- Основни алатки за управување со отсуство од работа;
- Процедури, правила, управување со работата и корелација со апсентизам;
- Управување во процес/секотор на човечки ресурси;
- Наградување и мотивација;
- Почитување на упатствата на работодавачот;
- Почитување на прописите за заштитата при работата;
- Пресметување на поединечни и вкупни трошоци;
- Документација за управување на процесите на апсентизам. 

 
Целна група

Директорите/раководителите на секторите за човечки ресурси во компаниите, вработените во компаниите на раководни позиции, како и за сите заинтересирани чиј предмет на работење е поврзан со темите на семинарот, како и за сите оние кои во своите компании и институции сакаат да ги подобрат и да ги унапредат техниките на  ефективно и ефикасно работење, да се информираат со последните актуелности и новини во рамките на апсентизмот, како и извршните асистенти и раководители кои имаат директно учество во процесот на планирање на ресурси (човечки, технички и останати).

Предавачи:

- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 25 земји, со 22 годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ ДООЕЛ Скопје. Главна експертиза на Михаил Китановски се областите: Организациски инженеринг, Balance Scorecard, Проект менаџмент, Систем за управување со квалитет, Систем за заштита на животна средина, Систем за безбедност на информации, Организациски инженеринг, Финансиски и административен менаџмент, Систем за продажба и продажни вештини, како и Бизнис и стратегиско планирање и

- Д-р Гордана Петрушевска, професор и експерт од областа на компаниско управување и менаџирање. Д-р Петрушевска своите магистерски студии ги завршува во 2003 година, на Шефилд Универзитетот во Солун, на тема: „Тимско работење и активности за организрање успешни проекти“. Своите докторски студии го завршува на Универзитетот за Мир на Обединетите нации во Белград во 2012 година, на тема: „Позиционирање на производи во услови на криза“. На академско ниво, д-р Петрушевска, меѓу останатите предмети предава: Меѓународна економија, Меѓународна трговија, Развивање на нови производи, Менаџирање на односи со клиенти, Внатрекомпаниска комуникација и меѓукомпаниска комуникација.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 11.12.2018 година.                                        


 Во прилог: Агенда и Пријавен лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права