28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

30.08.2018 (Форум)
АФИРМАЦИЈА НА ПОТРЕБАТА ОД ИНСТИТУЦИОНАЛНО РЕГУЛИРАЊЕ НА ФИНАНСИРАЊЕ ПРЕКУ МОДЕЛОТ,,БИЗНИС АНГЕЛИ”

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

26.09.2018 - 26.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ


Eднодневен семинар:

НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН   ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

26 септември 2018 година (среда)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат

    Стопанска комора на Македонија организира еднодневен семинар наменет за приватните компании како учесници на пазарот за јавните набавки, имајќи го предвид фактот дека од 01.01.2019 година се очекува да стапи на сила НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ со цел усогласување со Директивите на ЕУ, надминување на одредени решенија кои не ги дадоа очекуваните ефекти и резултати при нивната практична примена, упростување на постапките за доделување на договорите за јавни набавки како и потребната документација, користење на бенефитите што ги нуди ЕСЈН се цел на уште поголема транспарентност како и воведување на нови решенија за намалување и сузбивање на корупцијата и фингирањето во јавните набавки.

    Учесниците на семинарот покрај тоа што ќе се запознаат со предвидените новини и законски измени, ќе добијат насоки и препораки за надминување на констатираните предизвици и проблеми со кои се соочуваат поради недоволно познавање на законските одередби а и техничките препораки околу користење на ЕСЈН а кои произлегуваат од 100 % задолжителни електронски постапки. Кои законски одредби важат за правилно подготвување на понудата од страна економските оператори? Како се користат најважните алатки на Електронскиот систем за јавни набавки и кои предности ги нуди? Поднесување на Електронски понуди и користење на Тендерско досие? Кои документи треба да се дигитално потпишани и од кого? Како се користат дигиталните сертификати при поднесувањето на е-Понуда? Како да ги проверите цените и дали сте конкурентни на пазарот, преку пребарување во објавените склучени договори и листи на цени? Како и многу други технички и правни препораки, насоки за правилно користење на ЕСЈН, најчести грешки и совети.
 
На семинарот ќе се разгледуваат Новините кои произлезлегуваат од Предлог Законот за јавни набавки, и тоа:

- Кои се разликите помеѓу стариот и предлог законот за јавни набавки;
- Нови вредносни прагови и постапки за јавни набавки;
- Електронско објавување на годишен план за јавни набавки и придобивките на економските оператори од оваа алатка;
- CPV – (Common Procurement Vocabulary) – поедноставн преглед на потребите за јавни набавки, пребарување по е-план, објавени тендери и склучени договори;
- Критериум економски најповолна понуда (цена, однос цена/квалитет,цена /трошоци на животен век);
- Концепт на е-пазар и набавки од мала вредност;
- Изменет начин на поднесување електронски понуди;
- Мини тендери, динамичен систем за набавки;
- Опционална објава на проценета вредност и користење на е-аукции;
- ЕДЈН- Единствен документ за јавни набавки;
- Можности за користење е-каталози;
- Пристап до целата документација од постапката во рокот за жалба;
- Red flags – Контрола на целокупната документација пред донесување на одлука за избор/поништување од страна на БЈН кај постапки по случаен избор;
- Имплементација на електронска жалба и архива;
- Објава на договорите за јавни набавки
- Модул за следење на реализација на договорот (испорачана количина, исплата по склучен договор, проблеми/забелешки)
Дигитални потписи и начин на аплицирање;
Препораки за избегнување на најчестите, пропусти, грешки и наоди!

Предавачи:
-Марија Јованоска и Горан Давидовски, експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, директно вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија.

Минимален број за реализација на семинарот е 20 учесници.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено: 

- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 20.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права