23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Бизнис-настани

13.04.2018 - 14.04.2018


Бизнис средби Бања Лука,  Босна и Херцеговина

Меѓународни деловни средби во Бања Лука - ЕЕН мрежа


Меѓународни деловни средби - ЕЕН мрежа
13–14 април 2018 година, Бања Лука
Република Српска, Босна и Херцеговина
http://www.redete.talkb2b.net
 

Европската мрежа на претприемачи од Стопанската комора на Македонија во организација со ЕЕН Република Српска, Босна и Херцеговина, ве покануваат да учествувате на 6. Конференција на „РЕДЕТ 2018“ за претприемништво и економски развој на земјите во транзиција и на меѓународните деловни средби што се организираат од 13 - 14 април 2018 година, во Бања Лука, Република Српска, Босна и Херцеговина.

Ефикасноста во спроведувањето на одредени економски политики на владите има значајно влијание врз економскиот развој и економскиот раст на земјите во транзиција. Прекумерната бирократија и регулатива,  недостатокот на транспарентност се главните причини за бавниот напредок во градењето на целосни пазарни економии во овие земји. Ова се само дел од темите кои ќе се дискутираат на оваа конференција со цел да се видат новите промени и како тие се одразуваат на економиите во транзиција.

Во рамките на конференцијата, на 14 април 2018 година, во Бања Лука, предвидено е да се одржат и билатерални средби меѓу компаниите од сите сектори, наменети за сите микро, мали и средни претпријатија, кои имаат клучна улога на полето на иновациите и создавањето нови работни места, а  се главниот носечки столб на европската економија.

Зошто да учествувате?
Имате можност да пронајдете бизнис партнери за соработка, нови клиенти, добавувачи, дистрибутери, да иницирате можности за заедничка деловна или проектна соработка.

Учеството на деловните средби е бесплатно и доколку сакате да учествувате можете да се регистрирате на следниот линк:
http://www.redete.talkb2b.net/members/register.

Превозот и сместувањето се на товар на компаниите и на учесниците.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Ирена Мојсовска
Тел: ++ 389 2 3244009 Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: irena@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права