28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

11.09.2018 - 11.09.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ


Еднодневен семинар:

ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

11.9.2018 година (вторник)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

 

          Овој семинар ги обединува маркетингот и човечките ресурси во нов напреден концепт на холистички маркетинг од кој неодврзлив дел е таканаречениот интерен маркетинг. Наменет е за претставници на бизнис заедницата, владиниот и невладиниот сектор кои директно или индиректно се вклучени во процесите на маркетинг комуникации, социјални мрежи, односи со јавноста, организација и човечки ресурси.

          На еднодневниот семинар учесниците ќе добијат подлабоко разбирање за ургентноста од практикувањето на интерниот маркетинг насочен кон вработените, за потребата од негово усогласување со екстерниот маркетинг, за моделите и функционалноста, како и планот (темплејт) за примена на стратегијата за интерен маркетинг. Особено е важна оваа дисциплина во компаниите од областа на ИКТ-индустријата и останатите динамични индустрии.

Прашања кои ќе бидат одговорени за време на семинарот:

    - Зошто интерен маркетинг, кои се бенефитите од примената?
    - Кои се функционални алатки и модели на интерниот маркетинг?
    - Во кој оддел припаѓа оваа дисциплина и кој точно ја работи?
    - Медиуми за интерен маркетинг;
    - Кампањи и проекти за интерен маркетинг и рекламен рекрутмент;
    - Како се синхронизира интерниот маркетинг со екстерниот?

Програма:

    - Разбирање на интерниот маркетинг: функција, алатки и модели;
    - Форми и елементи на интерен маркетинг;
    - Усогласување на интерен маркетинг со внатрешната структура и систем;
    - Усогласување на интерен маркетинг со екстерниот маркетинг;
    - Рекламирање за регрутирање;
    - Медиуми и таргетирање на внатрешна публика;
    - Интерен маркетинг план.

Придобивките на компаниите и организациите кои применуваат современи маркетинг комуникации :

    - Подобрување на односот на компанијата со своите вработени;
    - Подобрување на имиџот на компанијата; 
    - Одлични комуникации со таргетираната јавност;
    - Подобрување на статусот на префериран работодавач;
    - Подобрување на продажните резултати;
    - Зацврстување на позициите на пазарот;
    - Синхронизирање на маркетинг комуникациите со останатите деловни процеси;
    - Подобро планирање и контрола врз реализација на кампањите (внатрешни и  надворешни);
    - Среќни и лојални вработени.

Предавач:

-Љупка Наумовска е експерт, професор и претприемач. Нејзиниот експертски и бизнис фокус е ориентиран кон маркетинг комуникациите, попрецизно кон односите со јавноста, бренд менаџмент, интегрирани маркетинг  комуникации и интерен маркетинг. Таа е основач и директор на „Ханибиз“ – агенција за маркетинг и ПР комуникации каде активно води проекти и кампањи за домашни и странски организации од повеќе индустриски области: технологија, храна, медицина, трговски центри, едукација, мода и автомобилизам. Истовремено е консултант на ЕУ-проекти во делот на комуникации, бренд менаџмент и односи со јавност.  
На академско ниво, Наумовска е доктор на науки во областа на маркетинг комуникациите и доцент по група предмети од областа на комуникации на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. 
Во невладиниот сектор е присутна преку постојан активизам во организации за подобрување на родовиот баланс, како и развој на стартап и микро стопанството. Паралелно е активна во бројни проекти од општествено одговорна природа насочени кон категорија загрозени деца од социјален и здравствен аспект. Најголема професионална амбиција и` е интеграцијата на социјалната одговорност со маркетинг комуникациите, додека на академско ниво е насочена кон мултидисциплинарни истражувања кои обединуваат маркетинг кон деца и дигитални медиуми.


За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
  - работен материјал;
  - ручeк и освежување;
  - сертификат за присуство на семинарот.

Последен рок за пријавување: 7.9.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права