27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

04.05.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

09.05.2018 (Семинар)
Еднодневна обука на тема:УСОГЛАСУВАЊЕ СО НОВАТА ЕВРОПСКА РЕГУЛАТИВА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ (GDPR) И ПРАКТИЧНИ ПРИМЕРИ

16.05.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „AgroB2B@NSFair" 16 мај 2018 година, Нови Сад, Србија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Семинар)
ЕМПАТИЧНА ПРОДАЖБА - Нова перспектива на продажбата

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

12.06.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ во рамки на "CeBIT", 12-15 јуни 2018 Хановер, Германија

19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Основни информации

Здружение на комуналните дејности


КОМУНАЛНИТЕ ДЕЈНОСТИ СЕ ДЕЈНОСТИ ОД ЈАВЕН ИНТЕРЕС

Комунални дејности, дефинирани во Законот за комунални дејности се:

- изградба на водоснабдителен систем, обработка и снабдување со вода за пиење, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер  на корисникот на услугата;
- изградба на водоснабдителен систем, обработка и испорака на технолошка вода, под што се подразбира зафаќање, обработка и дистрибуција на вода преку водоснабдителниот систем до главниот водомер на корисникот на услугата;
- изградба на канализационен систем, одведување и пречистување на отпадни води, под што се подразбира прифаќање на отпадни води од станбените, деловните, производните, административните и други  објекти, агломератот од приклучокот на дворната мрежа преку канализациони системи, пречистување во пречистителни станици и испуштање на отпадните води во реципиентот;
- изградба на канализациона мрежа, одведување и испуштање на атмосферски води, под што се подразбира прифаќање на атмосферските води од урбани површини, одведување со канализациона мрежа и испуштање во реципиент;
- јавен општински превоз, под што се подразбира превоз на патници во патниот сообраќај на подрачјето на општината;
- изградба, одржување, реконструкција и заштита на локалните патишта, улици и други инфраструктурни објекти;
- собирање и транспортирање на комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад, под што се подразбира собирање, селектирање, транспортирање и депонирање на  уредени депонии;
- одржување на јавна чистота, под што се подразбира  чистење (миење и метење) на јавни површини, јавни и отворени простори на јавни објекти и чистење на снегот во зимски услови;
- одржување, чистење и користење на паркови, зоолошки градини, зеленило, парк шуми и рекреативни површини, под што се подразбира изградба, одржување и користење на зелени површини, садење на ниска и висока вегетација, косење на трева, како и сечење на дрва и гранки;
- одржување на  сообраќајна сигнализација на улици и општински патишта, под што се подразбира нејзино  редовно и инвестиционо  одржување;
- поставување и одржување на јавно осветлување, под што се подразбира изградба и одржување на јавното осветлување;
- одржување на гробишта,  крематориуми и давање на погребални услуги, под што се подразбира определување, изградба и одржување на гробиштата, гробните места, гробниците, придружните објекти и инфраструктурата во гробиштата и давање погребални услуги, како што се преземање, чување, опремување и превоз на умрените до местото за погреб и погреб или кремирање;
- отворени и затворени пазари на големо и мало, под што се подразбира изградба, одржување на објектите и просторот на истите;
- оџачарски работи, под што се подразбира  чистење на оџаци и опрема за одведување на чад;
- отстранување и чување на хаварисани возила, уловување на животни скитници, украсување на населените места, одржување на јавните санитарни јазли, изградба  и одржување на септички јами, чување на животни и домашни миленици во населени места;
- испорака на гас од главниот цевковод до мерниот инструмент на корисникот;
- изградба и користење на јавниот простор за паркирање и на објектите кои се наоѓаат на тој простор;
- изградба, одржување и чистење на речните корита во урбанизираните простори - испорака на топлотна енергија од централниот извор на греење до мерниот инструмент на корисникот.
         

-Комунална дејност е стопанска дејност за давање на комунални услуги за задоволување на потребите на физички и правни лица за која единиците на локалната самоуправа обезбедуваат услови за соодветен обем, квалитет, достапност, континуитет и надзор над нејзиното вршење,
- Давател на комунална услуга е  јавно претпријатие основано од општината, општините во градот Скопје и градот Скопје и Владата на Република Македонија или правно и физичко лице  кое поседува дозвола за вршење на комунална дејност;
- Корисник на комунална услуга е правно и физичко лице кое ги користи услугите на давателот на услугата, чии права и обврски се регулираат со меѓусебно склучен договор;

Работата на комуналните претпријатија е регулирана согласно
Законот за комунални дејности
Законот за управување со отпад и Измени на законот за управување со отпад

Во Здружението на комунални дејности при Стопанската комора на Македонија членуваат претпријатија кои се занимаваат со пречистување и дистрибуција на вода, собирање, транспортирање и отпремување на отпад, погребални дејности и други придружни активности,пазари, организирање на зелени пазари и друго.

Во Република Македонија има повеќе од стотина претпријатија кои се занимаваат со наведените дејности, согласно позитивни законски прописи.

Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија, одржа седница на 16.1.2018 година на која беа избрани нови раководни структури во Здружението бидејќи на претходниот состав му истече мандатот. За нов претседател на Здружението на  комуналните дејности е избран Звонко Јованоски, директор на Комуналец Прилеп. На состанокот беа избрани и тројца заменици претседатели: Душко Весковски, директор на ЈП Водовод и канализација – Скопје; Сашо Јанакиевски – сопственик на Еко Клуб Битола; Јован Ристов – ЈП Комуналец Кавадарци
На состанокот беше разговарано и за неколку актуелни теми од областа на Комуналните дејности. 
Како приоритетен проблем е посочен проблемот со вработувањето на работници во комуналните претпријатија на локално и државно ниво. За таа цел беше констатирано дека Здружението ќе иницира измени и дополнувања на прописите за   вработување во комуналните претпријатија, бидејќи постојните закони го отежнуваат вработувањето во еден дел пред се при ангажирање на сезонските вработени но и во други услови кога е потребно да се направат одредени поместувања поради работните активности на одердени работни позиции во компаниите, информираше претседателот на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија Звонко Јованоски. Ќе се бара и средба во министерството за информатичко општество, со цел да се предочи за проблемите со кој се соочуваат вработените во комуналните претпријатија согласно нивното евидентирање како јавна администрација по законот за административни службеници и законот за вработенитѕе во јавниот сектор. Во моментов  дел од вработените се ангажираат и по трет закон, Законот за работни односи.
На состанокот беше донесен и заклучок дека Здружението активно ќе се влучи со свои предлози во носењето на новиот Закон за јавни набавки, бидејќи сега се соочува со проблеми поради примена на актуелното законско решение. Здружението има забелешки и на постојниот закон за јавни набавки согласно кој голем дел од тековните работи на комуналните претпријатија се отежнуваат. Пролемот е во понудената најнсика цена која не соодветсвув а со квалитетот, како и во лимитот од 500 евра согласно кој може да се вршат интервентни набавки,
Активно ќе се вклучи и во изработка на новиот закон за управување со отпад, кој е во почетна фаза и согласно укажувањата на министерството за животна средина треба да се донесе до октомври годинава.


 

 

Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт лице : Даниела Михајловска Василевска
Тел: (02) 3244021 Факс:(02) 3244088
Call Центар : (02) 15015
E-адреса: daniela@mchamber.mk









 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права