28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

05.09.2018 (Работилница)
ОБВРСКИ ЗА СОСТАВУВАЊЕ НА ГОДИШНА СМЕТКА, ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАИ, РЕВИЗИЈА, РАСПОРЕДУВАЊЕ НА ФИНАНСИСКИ РЕЗУЛТАТ И ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

22.02.2018 - 22.02.2018


Работилница Скопје,  Македонија

Работилница за олеснување на трговијата - 22.02.2018 Скопје


Работилница за олеснување на трговијата
22 февруари 2018 година
Стопанска комора на Македонија

Предмет: Покана за Работилница за олеснување на трговијата на 22 февруари 2018 година


Почитувани,

     Како дел од активностите за поддршка на институциите на Република Македонија во имплементацијата на реформите за олеснување на трговијата, Проектот на УСАИД за регионален економски раст - УСАИД РЕГ (USAID Regional Economic Growth Project – REG) преку Центарот за развојни политики ИДЕАС ДеПо организира Работилница за олеснување на трговијата која ќе се одржи на 22 февруари 2018 година во просториите на Стопанската комора на Македонија во Скопје, со почеток во 10 часот.
     Работилницата се организира во соработка со Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора на Северо-западна Македонија и Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии МАСИТ. Учесници ќе бидат компании чиешто деловно работење и резултати се тесно поврзани и директно зависат од  ефикасното одвивање на постапките за увоз, извоз и транзит на стоки. 
     Основна цел на работилницата е информирање на деловната заедница за најновите глобални и регионални иницијативи насочени кон забрзување и поедноставување на постапките за одвивање на прекуграничната трговија и обврските кои од нив произлегуваат за Република Македонија, како и запознавање на компаниите со резултатите од анкетата за бариерите во прекуграничните постапки спроведена од страна на УСАИД РЕГ Проектот и ИДЕАС ДеПо во текот 2017 година (агенда во прилог).
     Со оглед на нивното директно влијание врз увозно-извозните активности на компаниите, многу е важно деловната заедница да биде информирана за последните меѓународни иницијативи во насока на олеснување на трговијата и плановите за нивна имплементација во Република Македонија. Поради ова, би сакале да поканиме претставник на Вашата компанија да учествува во работилницата.
     Љубезно Ве молиме учеството на претставникот од Вашата компанија да го потврдите најдоцна до 19 февруари кај Софија Затараковска на sofijazatarakovska@ideasdepo.mk.


Со почит,

Гордана Тошева
Регионален координатор за олеснување на трговијата
УСАИД РЕГ


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт адреса :
Стопанската комора на Македонија
ул. Димитрие Чуповски, 13
1000 Скопје
Контакт: Стево Серафимов
Тел: (02) 3244000 Факс:(02) 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: ic@ic.mchamber.org.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права