Регистриран благ раст на малопродажбата во еврозоната и ЕУ
➢ Актуелно (06.08.2020)
👁 Прочитано: 1304



Регистриран благ раст на малопродажбата во еврозоната и ЕУ

Последните податоци објавени од Евростат, покажуваат дека со ублажување на дел од мерките за ограничување кои беа неопходно преземени за спречување на ширењето на коронавирусот,  обемот на трговијата на мало во Европската унија во јуни пораснал за 5,2 % во однос на мај, додека во еврозоната за 5,7 % што покажува дека обемот на малопродажбата се враќа на нивото од февруари. На годишно ниво малопродажбата во еврозоната и ЕУ во јуни 2020 година, забележа раст од 1,3 %, при што најголем раст на малопродажба во еврозоната во јуни 2020 е регистриран во продажба на гориво за моторни возила, за дури 20,4 % на месечно ниво, како и раст на промет од 12,1 % на непрехранбени производи. Кај месечниот промет на прехранбени производи, пијалаци и цигари регистриран е пад од 2,7 %. Очекувањата и предвидувањата за заздравувањето на економијата за овој период сепак беа поголеми од проектираниот раст.

 

 

Служба за информирање при Комората