Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор – АНТОНИЈЕ МАРИНОСКИ, ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје
➢ Актуелно (10.08.2020)
👁 Прочитано: 1156



Запознајте ги членовите на нашиот Управен одбор – АНТОНИЈЕ МАРИНОСКИ, ОРКА ХОЛДИНГ АД Скопје

Групацијата Орка Холдинг АД Скопје веќе 30 години ги одржува темелите на успешната приказна поставени пред 3 децении. Своето работење компанијата го регистрира во 1990 -та година започнувајќи со само 60-тина вработени и отворање на мал производствен погон. Согледувајќи ги можностите кои ги нуди тогашната инвестициска клима во земјата и искористувајќи го сиот нејзин потенцијал, компанијата започнува да ги бележи своите први најзначајни чекори.

Низ годините, во оваа групација и нејзиното работење е вложен сиот личен и професионален потенцијал на нејзиниот основач и неговиот тим на вработени. Непоколеблива посветеност во работењето, истрајноста и знаењето претставуваа неопходни елементи при остварување на стремежот за експанзија на компанијата.

Денес Орка Холдинг е еден од најголемите работодавачи во земјава. Активна во различни сектори, со диверзифицирано портфолио на инвестиции, со над 15 компании и повеќе од 2500 вработени, групацијата им служи на своите клиенти и партнери со напредни технологии, највисок квалитетот на брендот и динамични човечки ресурси.Темелејќи го своето работење на принципите на ликвидност, сигурност, рентабилност, начелата за лојална конкуренција на пазарот, добрите деловни односи и најзначајните етички принципи, компанијата природно создава своја бизнис клима во која води грижа за своите вработени, клиенти и партнери.   

На овој начин, и преку постојани инвестиции, усовршување на работните процеси и заедничко, организирано дејствување, Орка Холдинг достигнува значителен бизнис раст и со своето работење создава вредности кои се значајни пред се за самата компанија и вработените во неа, бизнис партнерите, но се и од особено значење за заедницата во која што делува како и за целата економија во државата.

Главен извршен директор на Орка Холдинг АД Скопје е господинот Антоније Мариноски, кој поседува опсежно познавање на финансиските пазари и деловната средина во Републикава и во опкружувањето.Со своите стратешки размислувања придонесува за зацврстување на утврдената позиција на пазарот на Орка Холдинг АД Скопје.

Антоније Мариноски е член на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за мандатниот период 2020- 2025.

 

 

Служба за информирање при Комората