Прочитајте го интервјуто на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за ФАКТОР
➢ Актуелно (11.09.2020)
👁 Прочитано: 1134



Прочитајте го интервјуто на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за ФАКТОР

Претседателот Азески во интервјуто говори за предизвиците со кои се соочуваат компаниите членки на Комората, без разлика дали станува збор за домашни или странски компании, за мали или големи, за извозници или увозници, и тоа во услови на работење на здравствена и економска криза предизвикана од Covid-19. Тој ја потенцира одличната соработка која Стопанската комора на Македонија ја има со Владата на РСМ и потребата од продолжување и итна акција во реализација на активностите. Говори за поддршката која бизнис заедницата ја очекува од Владата сега, за подоцна компаниите да и помогнат на државата, кога ќе се преброди овој тежок период за сите. Говори за образованието и клучните сегменти на кои мора да се работи на ова поле, со цел да се обезбедат квалитетни кадри кои ќе одговараат на потребите на стопанството....

Во интервјуто се наведени поенти за актуелните проблеми. Претседателот Азески истакнува дека штетите од кризата се бројат во милијарди, но тој се надева дека економијата ќе остане на нозе и така ќе ја дочека 2021 година. Бара владеење на правото во Македонија. Подвлекува дека итни потези на Владата мора да се пописот, децентрализацијата и образовните реформи.

Претседателот Азески апостофира дека предизвиците или проблемите со кои се соочува македонската економија се провлекуваат кај нас веќе 30 години.  Тие три пункта проблеми според него се: односот на капиталот и трудот, односно кај нас се уште работниците се незадоволни од работодавчите и обратно; вториот диспаритет е прашањето на односот помеѓу работоспособното и издржуваното население и третиот е континуитетот на почитување на договорите при промена на власта.

“Ние во 2010 година создадовме модел за економски развој и секогаш кога ќе дојдат клучните поенти на неговото имплементирање доаѓаат и проблеми. Мислам дека тоа прашање ќе биде разрешено со преговорите со Европската Унија. Поглавјата течат почнувајќи од проблемите кои ќе бидат нотирани во државата. Првите коишто ќе се отворат ќе бидат околу функцинирањето на правната држава и со тоа очекувам да исчезнат сите проблеми кои го фаворзираат јавниот сектор во плаќањата и ја нарушуваат ликвидноста на приватниот сектор”, подвлекува претседателот Азески во интервјуто за ФАКТОР.

Целото интервју на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески дадено за ФАКТОР, можете да го прочитате тука: Интервју Азески за Фактор

Служба за информирање при Комората