Средби, Семинар, Обука, Настан
   
22.10.2019
Семинар
ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ - УСПЕШНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИ И ПРОЕКТИ ВО КОМПАНИЈАТА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

ПРОЕКТЕН МЕНАЏМЕНТ
- УСПЕШНО УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСИ И ПРОЕКТИ ВО КОМПАНИЈАТА -

22.10.2019 година (вторник)
10:00 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

Дали знаете дека иако по професија не сте проект менаџер дека постои можност всушност тоа да сте или да бидете. Доколку на Вашето работно место Вие ги организирате вработените во правец на остварувањето на поставени цели, задолжени сте за  реализирање одредена работа, независно дали тоа го првите сами или со тим, доколку го организирате времето и буџетот, го планирате извршувањето на задачите и проверувате дали се извршува работата согласно проектираните чекори, доколку ги извршувате сите овие обврски, честито, Вие сте проект менаџер.

Во современиот деловен амбиент задачите се извршуваат со помош на проект менаџментот.  Оние кои имаат обврска да водат и да организираат луѓе, време и буџет, со цел завршување на одредена работна задача, најчесто не се по струка проект менаџери, туку се стручни во други области, но со цел да ги завршат успешно работите во нивните компании, навремено и со одреден буџет потребно е да имаат познавање од проект менаџмент. За таа цел, ќе бидете воведени во основите на проект менаџментот со едноставни, јасни и разбирливи чекори, што ќе ви овозможи подобра реализација, подобро планирање на време, вработени и средства, навремена реализација на планови, нарачки, продажба и воопшто успешно водење на проекти.

Теми кои ќе бидат опфатени на семинарот:

• Дефинирање на проект;
• Поставување цели и изработка на план за работа;
• Чекори за извршување на проект;
• Спроведување план, следење;
• Управување со ресурси и ризици;
• Завршување на проект со ефикасни резултати.

По завршување на семинарот, учесниците ќе бидат во можност:

• Успешно да завршуваат поголеми и мали проекти за својата компанија;
• Успешно да ги презентираат идеите и да креираат јасни планови;
• Подобро ќе управуваат со дадените ресурси, луѓе, пари, време;
• Да користите алатки за ПМ;
• Ќе предвидите ризици и успешно ќе се справувате со истите;
• Успешно ќе изработувате професионална проектна документација.

Придобивките на компаниите и организациите од примената:

- Завршување на проекти навремено, тимски, со предвидени трошоци;
- Навремена испораката на продукти на клиенти;
- Изработка на квалитетна проектна и деловна дoкументација, која ги изразува целите на компанијата;
- Поквалитетно управување со ризици, што значи и нивно намалување;
- Подобро следење на извршувањето на задачите и проектите и запознавање на раководството со чекорите кои се извршуваат;
- Успешно водење на тим без непотребни губења на време и енергија;
- Креирање на реални очекувања, јасни цели и подобрување на сопствен кредибилитет.

Предавач:

-Александра Ѓорѓиевска, самостоен советник во Народната банка, работи од 2000 година во областа на девизно работење, статистика, платни системи, со меѓународна обука на повеќе семинари од областа на централното банкарство. Учествува во повеќе големи проекти како учесник и раководител на проект, панелист на меѓународни конференции, учествува во носењето на поважната законска и подзаконска регулатива од областа на девизното работење и платежни услуги и приспособување кон меѓународни стандарди.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Рок за пријавување: 16.10.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244067
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје