ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
15.07.2019 👁 Прочитано: 564

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА


Бројот на вработени во текстилната индустрија е намален од три до пет проценти, истакна претседателот на Здружението на текстилната индустрија и конфекцијата при Стопанската Комора на Македонија, Ангел Димитров, кој состојбата во текстилната индустрија ја оценува како „не многу сјајна“.

-Голем број од текстилните компании немаат доволно работа, што значи дека странските партнери полека бараат нови пазари, односно нови комитенти, каде ќе работат, а тоа се пред се` земјите од далечниот исток. Сето тоа значи дека нашата земја со влезот во ЕУ, со порастот на платите и стандардот ќе стане неконкурентна за овие пазари пред се` поради евтината работна сила, -посочува Димитров.

Заминувањето на дел од странските партнери е и поради немодернизацијата на производството, возраста на текстилните работници, којашто во просек е над 45 години, како и миграцијата. Затоа е важно за текстилната индустрија, како трудоинтензивна гранка во земјава, дел од проблемите да се решат доколку компаниите вложуваат во нови машини. Со цел да бидеме конкурентни во однос на опкружувањето, македонската текстилна индустрија мора да добие поддршка од државата во смисла на поволни кредитни линии, субвенции, обезбедувања преку користење гарантни фондови итн. Тоа ќе овозможи да се направат вложувања во автоматизација на производните процеси, а со тоа подобрување на квалитетот и обезбедување поголема продуктивност од страна на текстилните компании.

Со вложување во современа опрема може да се зголеми продуктивноста, да се задржи конкурентноста на светските пазари. Од друга страна, недостигот на работници, демотивираноста на младите да се запишуваат во средните училишта се само проблеми, што ќе бидат многу важни во идниот период за оваа стопанска гранка.

Текстилната индустрија претставува една од водечките преработувачки индустрии во земјава со значителни резултати во формирањето на БДП, високото апсорбирање на работна сила и во извозот. За разлика од другите стопански дејности, во оваа област релативно повеќе дојдоа до израз претприемачките иницијативи на стопанствениците, остварени се повеќе деловни врски со странски партнери, што претставува основа за натамошен развој.

Сашо Деспотоски

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА

НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА
НАМАЛЕН БРОЈОТ НА ВРАБОТЕНИ ВО ТЕКСТИЛНАТА ИНДУСТРИЈА