ПРИКЛУЧЕТЕ НИ СЕ КОН ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ НА КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА!
➢ Актуелно (10.09.2020)
👁 Прочитано: 1081



ПРИКЛУЧЕТЕ НИ СЕ КОН ЗАЕДНИЧКИТЕ АКТИВНОСТИ НА КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ ПРЕТПРИЕМАЧИ ПРИ СТОПАНСКАТА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА!

Стопанската комора на Македонија следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, креираше алатка со која  им помагa на бизнисите за нивен постојан раст. Тоа е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контактите што ги има Стопанската комора на Македонија со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација, како и пронаоѓање партнери. Со гордост можеме да истакнеме дека Клубот на менаџери-претприемачи веќе четири години успешно функционира во рамките на институцијата која е бренд за коморското организирање во Република Северна Македонија, но и пошироко. 

Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за членување во мрежа на растечки мали и средни компании. Нашите членови имаат можност да се приклучат и да споделат искуства, контакти и знаења со цел остварување на континуиран раст и поддршка на бизнисот, преку постојана едукација и контакти со фирмите и потребните институции.

Целта на Клубот е да овозможи учење преку релаксирана, продуктивна атмосфера во насока на остварување раст за бизнисот на компаниите кои се наши членки, но на конструктивен начин.

За членовите на Клубот на менаџери-претприемачи предвидени се едукативни, но и забавни настани во текот на целата година, со програма која вклучува повеќе настани месечно. За успешна реализација на програмата, членовите добија своја, посебно опремена просторија (бутик) која се користи за потребите на Клубот на менаџери-претприемачи.
  
Секој настан кој е дел од Годишната агенда е многу корисен за учесниците во Клубот на менаџери-претприемачи, при што учесниците имаат можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од праксата, кои се однесуваат на моделите на управување со резултати и квалитет во работењето, а воедно се поттикнува и  размена на свежи идеи и високо ниво на комуникација. 

Приклучете ни се во заедничките активности на Клубот на менаџери при Стопанската комора на Македонија кој наскоро почнува со работа во ново руво и нов концепт!
 

 

Служба за информирање при Комората