21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.05.2018


Актуелно  

ПОДОБРУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ ПРЕКУ УПОТРЕБА НА БИМ (Building Information Modelling) - ПРЕЗЕНТИРАНИ АКТИВНОСТИТЕ ВО РАМКИТЕ НА ПРОЕКТОТ „BIMCERT“


На 16.5.2018 година, на настанот одржан на Градежниот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во организација на Институтот за истражување во животна средина, градежништво и енергетика (ИЕГЕ), на којшто присуствуваше и претставник од Стопанската комора на Македонија, беа презентирани резултатите и заклучоците од истражувањата за потребата од постоење на современа дигитална техника која се користи во градежниот сектор и формирање на информациски модел на градба, спроведени во рамките на Проектот „BIMcert“.

Целите на Проектот, како што беше истакнато на настанот, се подобрување на енергетската ефикасност преку употреба на БИМ (Building Information Modelling), надградба на вештините и разработка на европска рамка на квалификации во градежништвото, дигитализација во градежниот сектор, подобри процеси, материјали, производи и извори на енергија.

Очекуваните ефекти од спроведувањето на проектните активности се зголемување на бројот на стручни градежни работници и вклучување на компаниите и професионалците во обуките кои ќе се спроведуваат во рамките на Проектот, подобрена соработка и разбирање помеѓу различните струки, намалување на разликата помеѓу проектираниот и реализираниот енергетски учинок преку подобрување на квалитетот на проектирањето и изведбата, како и  заштеда на енергија за најмалку 15 %, зголемен удел на обновливите извори на енергија и употребата на отпадна енергија за најмалку 5% во вкупната потрошувачка на енергија на зградата.

Конзорциумот на Проектот кој е финансиран од престижниот европски фонд „Хоризонт 2020“, го сочинуваат реномирани високообразовни и истражувачки центри: Институтот за истражување во животната средина, градежништвото и енергетика (ИЕГЕ), Belfast Metropolitan College и Construction Industry Training Board од Велика Британија, Future Analytics Consulting и Dublin Institute of Technology од Ирска, Instituto Superioro Teconico од Лисабон и Енергетскиот институт „Хрвоје Пожар“ од Хрватска. Проектот ќе трае до октомври 2019 година.

м-р Нена Николовска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права