23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

16.06.2017


Актуелно  

Реализирано предавање на тема: „Најголемите предизвици на современите организации“ во рамки на КЛУБОТ НА МЕНАЏЕРИ-ПРЕТПРИЕМАЧИ


          Клубот на менаџери-претприемачи на 16.6.2017 година реализираше едукативно  предавање на тема: „Најголемите предизвици на современите организации“ во соработка со Наташа Алексовска, основач и деловен консултант во компанијата „Вивендум Рацио Солушнс“. Пред членовите на Клубот беа презентирани начините за ефикасна искористеност на ресурсите, минимизирање на ризиците и трошоците во работењето и создавање можност за подобри финансиски резултати на организацијата. На почетокот на презентацијата сите учесници беа запознаени со внатрешните потреби на компаниите и предизвиците што настануваат во сите сегменти на денешното општество, а кои придонесуваат за стимулирање на развојот на менаџментот кон промени. При тоа, многу важно е менаџерите да не ја игнорираат организациската култура, туку напротив, да влијаат врз нејзиното создавање. Промените во современите организации треба да бидат соодветно потпомогнати од мотивациската енергија за промени на менаџментот. Ширењето позитивна енергија, постојните системи на плати и награди треба да се дополнат и да се приспособат кон новонастанатите услови.

          При тоа, менаџерите беа запознаени со предизвиците на секоја современа организација која подразбира планирање на човечките ресурси, спроведување на организациските потреби за обука, статистика на реализацијата на организациските цели, информации за одредување на целите, оцена на системот за управување со човечките ресурси, зајакнување на организациските потреби за развој. Денес во согласност со  Годишната агенда  беше одржан настан кој беше многу корисен за менаџерите во Клубот на менаџери-претприемачи, при што менаџерите имаа  можност да ги споделат своите искуства и знаења со реални примери од пракса кои се однесуваа на најголемите предизвици во современите организации преку следење на новите трендови за 2017 година.

          Клубот на менаџери-претприемачи при Стопанската комора на Македонија претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од програмата на Клубот и  компаниите кои се вклучени во истиот. При тоа, менаџерите имаат можност секогаш навремено да се информираат за тековните случувања, поврзани со презентации, промоции, бизнис форуми, информации за прописи, како и со новите услуги на Комората . Сето ова е возможно благодарение на одличната логистика, поврзаност, но и контакти кои Стопанската комора на Македонија ги има со домашните и странски институции кои нудат информации, анализи, едукација но и пронаоѓање партнери.

Валентина Цветковска











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права