23.01.2018 (Семинар)
РОКОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС, ОТКАЗНИ РОКОВИ, ОСНОВИ ЗА ЗАКОНСКИ ПРЕКИН НА РАБОТНИОТ ОДНОС, НЕОСНОВАНИ ПРИЧИНИ ЗА ПРЕСТАНОК НА РАБОТНИОТ ОДНОС

24.01.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби „Facade 2018 Match Event“, Ротердам, Холандија

25.01.2018 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КОРПОРАЦИСКИОТ (КОМПАНИСКИОТ) РИЗИК И ОРГАНИЗИРАЊЕ / ВОСПОСТАВУВАЊЕ АРХИТЕКТУРА НЕОПХОДНА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ФУНКЦИОНАЛЕН СИСТЕМ

26.01.2018 (Советување)
Советување на тема:ЈАВНИ НАБАВКИ, ПРЕДЛОЗИ, НОВИНИ И ИДНИ ИЗМЕНИ (e-жалба, е-архива, е-маркет и е-каталози)

30.01.2018 (Семинар)
ВОВЕДУВАЊЕ И УПРАВУВАЊЕ СО КОНТРОЛНИТЕ ПРИСТАПИ НА ИТ-СИСТЕМИТЕ

30.01.2018 (Презентација)
БЕСПЛАТНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ТЕМА:ПРОЕКТИ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ЕНЕРГЕТСКАТА ЕФИКАСНОСТ И НАМАЛУВАЊЕ НА ОПЕРАТИВНИТЕ ТРОШОЦИ ПО МОДЕЛОТ НА „ESCO“-30.01.2018

31.01.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС-СРЕДБИ „ЕУ-СРБИЈА 2018"

01.02.2018 (Тренинг обука)
ИНТЕРНИ ПРОВЕРУВАЧИ (АУДИТОРИ) НА ИНТЕГРИРАНИ МЕНАЏМЕНТ СИСТЕМИ ISO 9001:2015, ISO 14001:2015, OHSAS 18000:2007

09.02.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ГО ДОБИЕТЕ НАЈДОБРОТО ОД ДИГИТАЛНАТА КОМУНИКАЦИЈА?

14.02.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:АНАЛИЗА НА РЕГРЕСНИТЕ ПОБАРУВАЊА-ЗАКОНСКИТЕ РЕШЕНИЈА НАСПРОТИ СУДСКАТА ПРАКСА

06.03.2018 (Бизнис средби)
Меѓународни деловни средби на Саемот „EcoBuild“ - Лондон, Велика Британија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

26.12.2017


Актуелно  

ЕНЕРГЕТСКИОТ БИЛАНС ЗА 2018 ГОДИНА ПРЕД МАКЕДОНСКАТА ЕНЕРГЕТСКА АСОЦИЈАЦИЈА (МЕА)


Македонската енергетска асоцијација (МЕА), на 26.12.2017 година, го разгледуваше Енергетскиот биланс за 2018 година. Енергетскиот биланс е индикативен плански документ и во истиот се прикажуваат потребите од вкупните количества на енергија и од одделни видови енергија во земјата и можностите за нивно обезбедување со производство од домашните капацитети и од увоз.

 

Во 2018 година се предвидува дека потрошувачка на финална енергија ќе изнесува 1986.7 ktoe, што претставува зголемување за 2,7% во однос на потрошувачката на финална енергија во 2017 година. Во поглед на потрошувачката на енергенти, нафтените продукти остануваат со најголемо учество од 51,5% (1022 ktoe), електричната енергија со 28% (556.2 ktoe), биомасата со 10,5% (209.6 ktoe) и јаглените со 5,3% (106.1 ktoe). Сообраќајот го има приматот на секторот со најголема потрошувачка. Неговата потрошувачка во 2017 година се предвидува да биде 775.6 ktoe што е 39% од вкупната потрошувачка на финална енергија, а по него следуваат секторот индустрија со 534.7 ktoe (27%), секторот домаќинство со 509.1 ktoe (26%), комерцијалниот и услужниот сектор со 105.7 ktoe (5%), земјоделството со 23 ktoe (1%) и неенергетски потреби со 38.6 ktoe (2%).

Предвидените потреби од енергија за 2018 година се проектирани на 2645 ktoe што е намалување за 2% во однос на 2017 година. Споредено со 2017 година, најголем пораст се забележува кај природниот гас од 14%, како резултат најмногу на најавите за зголемено производство од „ТЕ-ТО“. Во 2018 година се предвидува нафтените продукти да  учествуваат со 39% (1049.5 ktoe), а јаглените 31% (837.7 ktoe). Исто така, се предвидува, биомасата да учествува со 8% (209.5 ktoe), природниот гас со 9% (240.3 ktoe), хидро енергијата 4% (109.8 ktoe), а ветерната (8.8 ktoe), геотермалната (6 ktoe), биогасот (3.6 ktoe) и соларната енергија (2.1 ktoe) со нешто над 0% учество. Нето увозот на електрична енергија учествува со 8% (257 ktoe).

Производството на електрична енергија на ниво на генератор во Република Македонија во 2018 година се предвидува да биде 5766 GWh, што е за 3% повисоко во однос на 2017 година.

За 2018 година се предвидени 292.947.000 Nm3 природен гас, од кои  244.042.000 Nm3 е предвидено да бидат потрошени за производство на електрична и топлинска енергија. За финална потрошувачка се предвидени 47.425.000 Nm3, од кои 39.949.000 Nm3 се за индустријата, 7.084.000 Nm3 за комерцијалниот и услужниот сектор, 190.000 Nm3 за сообраќајот и 202.000 Nm3 за домаќинствата.

Во 2018 година се прогнозира речиси иста потрошувачка на нафтени продукти како и во 2016 година, односно прогнозирано е таа да изнесува 1049.5 ktое. Вкупно 1211.5 ktое се очекува да се обезбедат од увоз, од кои 162.6 ktое се наменети за извоз. За енергетски трансформации, во термоелектраните на јаглен  за потпала и поддршка во просецот на согорување, е предвидено да се употребат 26 ktое, додека останатите 1022.4 се предвидува да се употребат за финална потрошувачка во секторите.

Вкупно 5486.5 kt од кои 5387.1 kt лигнит, 76 kt суб-битоминозен јаглен (увозен лигнит со повисока калорична вредност), 22.1 kt кокс се предвидува да се потрошат во 2018 година. Потрошувачката на јаглен за енергетски трансформации се очекува да биде околу 5132.2 kt, количество што е наменето за производство на електрична енергија.

Вкупните потреби од биомаса се предвидува да бидат 1153.7 илјади m3 огревно дрво, 46.6 kt дрвени отпадоци, брикети и пелети и 30.6 илјади m3 дрво од овошни насади или друг вид на растителни отпадоци. Од вкупните количини на огревно дрво 1104.3 илјади m3 се предвидуваат да се потрошат во секторот домаќинства, 16.6 илјади m3 во индустријата, 8 илјади m3 во секторот земјоделство и 24.9 илјади m3 во останатите сектори. Од категоријата  дрвени отпадоци, брикети и пелети, 35.5 kt се наменети за домаќинствата, а останатите за индустријата, а од категоријата дрво од овошни насади или друг вид на растителни отпадоци вкупната количина е наменета за домаќинствата.

Во 2018 година, предвидено е производство на топлина од 2026 ТЈ што е пониско од потрошувачката во 2017 година. Од овие потреби, 1428 ТЈ се предвидени за домаќинствата, 469 ТЈ за комерцијалниот и услужниот сектор, 129 ТЈ за индустријата и 315 ТЈ се загуби.

Перо Авакумовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права