19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

19.02.2018 - 19.02.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА


Еднодневна обука на тема:

ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА

26.2.2018 година (понеделник)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 3 на 3-ти кат

 

        Стопанската комора на Македонија на 26 февруари 2018 година, Ве поканува на еднодневна обука на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“.

ПРОГРАМА:

• Општи одредби на договорот за продажба;
• Карактеристики на договорот за продажба;
• Форма на продажбата на недвижности;
•Состојки на договорот за продажба:
  - Предмет;
  - Цена;
  - Права и обврски од договорот за продажба.
• Обврски на продавачот (предавање на предметот, истовремено извршување на предавање на предметот и исплата на цената, одговорност за материјалните недостатоци);
• Права на купувачот (исполнување, намалување на цената, раскинување на договорот, надомест на штетата);
• Гаранција за исправно функционирање на продадениот предмет (одговорност на продавачот и производителот, гарантен рок, барање исправка или замена, продолжување на гарантниот рок, раскинување на договорот и намалување на цената, трошоци и ризик, одговорност на кооперантите, губење на правата);
• Одговорност за правните недостатоци (заштита од евикција): правни недостатоци, известување на продавачот, санкции за правни недостатоци;
• Обврски на купувачот (исплата на цените, преземање на предметот);
• Надомест на штета во случај на раскинување на продажбата;
• Случаи на продажба со особени спогодби:
• Продажба со право на првенствено купување;
• Купување на проба;
• Продажба на мостра или модел;
• Продажба со спецификација;
• Продажба со задржување на правото на сопственост;
• Продажба со отплата на цената на рати.
• Решавање на трговските спорови во врска со продажбата во арбитражна постапка;
   - Карактеристики на арбитражната постапка;
   - Полноважност на арбитражната клаузула;
   - Арбитражна постапка пред Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.


ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?

        Обуката на тема: „ДОГОВОРОТ ЗА ПРОДАЖБА И ТРГОВСКИТЕ СПОРОВИ ВО ВРСКА СО ПРОДАЖБАТА“ е наменета за правници, менаџери, раководители и останати одговорни лица во правните и другите сектори на правните лица кои се занимаат со продажба, т.е. деловно и трговско работење, со посебен акцент на договорот за продажба и неговото законско регулирање и практичните прашања, како и трговските спорови во оваа област, кои се однесуваат на овој договор и на сите клучни аспекти повразани со продажбата.

МЕТОДОЛОГИЈА ЗА РАБОТА

        Оваа обука се базира на отворена дискусија во рамките на темата, каде активно учество ќе земат и учесниците и предавачите.
Во рамките на обуката ќе биде опфатен и теоретски дел од оваа област, каде ќе бидат презентирани ефективни методи и алатки за разрешување на дилемите и недореченостите.
Покрај наведеното, на обуката ќе се даде одговор на прашањата поставени од учесниците.

ПРИДОБИВКИ ОД ОБУКАТА

        Запознавањето на законите одредби  од договорот за купопродажба, нормативно и во судската пракса, како актуелна тема кога е во прашање нормалното функционирање на правните лица од областа на купопродажбата и во таа смисла преземање на законските можности за остварувањето на правата на правните лица како пред надлежните управни органи, така и пред судовите во Р. Македонија.

Придобивки од оваа обука се следните:

- зголемена ефикасност во решавањето на сите правни прашања и дилеми поврзани со продажбата;
- економичност во функционирањето на правните лица кои се занимаат со купопродажбата;
- зголемен квалитет на знаење за законските можности во остарувањето на правата поврзани со договорот за продажба, правата и обврските на продавачот и купувачот, случаите на продажба со посебни спогодби,
- создавање подготвеност за справување со ризиците поврзани со продажбата,
- развивање на професионален и сериозен пристап при решавање на трговски спорови во врска со продажбата.

ПРЕДАВАЧИ:

- м-р Биљана Ристеска Тутуновска, адвокат, магистер од областа на договорното право, со особена експертиза во делот на деловното и стопанското право, работните односи, имотно-правните и трговските спорови пред сите надлежни органи во Р. Македонија. М-р Ристеска Тутуновска има посетувано обуки од различен карактер во делот на правните прашања поврзани со нејзината работа. Искуството во решавањето на правните проблеми на клиентите, како физички, така и правни лица, пред сите органи со јавни овластувања, државни органи и судовите на целата територија на Р. Македонија ја прават квалитетен и добар познавач на правото и изнаоѓањето правни решенија кои се клучни за успешното работење на компаниите. Еден период таа беше колумнист во списанието „HR“ - за човекови ресури, каде што главни теми на текстовите беа токму работните односи и едукација на сите сектори во правните субјекти за законските норми во овој дел.

- Маринела Јакасановска, судија на Основен суд Скопје II - Скопје. Предавач во примарна и континуирана обука во Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“ - Скопје.

- д-р Татјана Штерјова, доктор на правни науки од областа на граѓанското процесно право, секретар на Постојаниот избран суд – Арбитража при Стопанската комора на Македонија.

За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување:  22.02.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права