19.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Договор за вработување, договор за вработување странци, разлики помеѓу договорите за вработување домашни лица и странци

21.11.2018 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

22.11.2018 (Семинар)
СИСТЕМАТИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ МЕСТА, ОДГОВОРНОСТИ И ОВЛАСТУВАЊА, ВРЕДНУВАЊЕ НА РАБОТЕЊЕТО И УНАПРЕДУВАЊЕ НА РАБОТАТА

23.11.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема: МЕНАЏИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ - СТРАТЕГИЈА И ДЕФИНИРАЊЕ НА ИЗВОЗОТ ПРЕКУ ДОДАДЕНА ВРЕДНОСТ -

23.11.2018 (Семинар)
ПРОЦЕС И ЧЕКОРИ ВО ЕТИЧКОТО ХАКИРАЊЕ

27.11.2018 (Семинар)
МЕНИЦА И МЕНИЧНИ ДЕЈСТВИЈА СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ПОСЛЕДНИТЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА НОТАРИЈАТ

27.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби и форум со компании од агро секторот од Бугарија, во Струмица, Македонија, на 27 и 28 ноември 2018 година

28.11.2018 (Советување)
ОПЕРАТИВНА ЕФИКАСНОСТ ВО АДМИНИСТРАТИВНИТЕ ПРОЦЕСИ И ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА, АПСТЕНТИЗАМ И НАМАЛУВАЊЕ НА ТРОШОЦИТЕ КАКО ПОСЛЕДИЦА ОД ОТСУСТВО ОД РАБОТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРОМЕНИ СОГЛАСНО ЗАКОНСКИТЕ ОДРЕДБИ И ЗАШТИТА ПРИ РАБОТА

29.11.2018 (Семинар)
Е-МЕНАЏМЕНТ НА ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ – СОВРЕМЕНИ МЕТОДИ ЗА ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ

29.11.2018 (Конференција)
Меѓународната конференција за текстил за градежништво, медицина и здравствена заштита, машини за текстил и нови технологии и деловни средби, 29-30 ноември 2018 година, Ахен, Германија

30.11.2018 (Форум)
БИЗНИС ФОРУМ И БИЛАТЕРАЛНИ СРЕДБИ МЕЃУ МАКЕДОНСКИ И ГРЧКИ КОМПАНИИ- 30.11.2018 , АТИНА Р.ГРЦИЈА

30.11.2018 (Семинар)
ОДГОВОРНОСТ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ НА ПРАВНО ЛИЦЕ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА И ОБЈЕКТИВНА ОДГОВОРНОСТ НА РАБОТОДАВЕЦ ЗА НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ОД ПОВРЕДА ПРИ РАБОТА

06.12.2018 (Конференција)
ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА ЗА ФИНАНСИСКА СУПЕРВИЗИЈА ВО ЕУ 2018- 6.7.12.2018 БРИСЕЛ

14.12.2018 (Семинар)
ОСНОВИ НА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ДЕЛОВНОТО РАБОТЕЊЕ СОГЛАСНО БАРАЊАТА НА СТАНДАРДОТ ISO 31000:2018

Бизнис-настани

21.11.2018 - 21.11.2018


Семинар  Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ


Еднодневен семинар:

УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ

21.11.2018 година (среда)
10:00 - 15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат

     Во 2008 година професорите Гарет Џонс и Џенифер Џорџ во книгата „Современ менаџмент“ потврдуваат дека само компаниите во кои менаџментот е способен конструктивно да ги менаџира конфликтите имаат максимална ефиканост. Другите (каде што конфликтите се ставаат „под тепих“ или каде што ескалираат) имаат минимална ефикасност. Целата енергија се троши во сопки и штитење наместо во заедничко ефикасно работење.
     Конфликтите во себе носат голем потенцијал, нови идеи и тие треба да се добродејдени. Науката потврдува дека во организациите е добро конфликтите да бидат присутни во едно оптимално ниво.
Само доколку вработените имаат слобода јасно и гласно да го изразат своето мислење и да кажат што мислам дека треба поинаку да биде направено, ќе се дојде до најдоброто решение и до резултати. Во исто време треба да се знае дека конфликтите во себе имаат голем деструктивен потенцијал. Ако не бидат соодветно менаџирани, тие можат да ја нарушат работната атмосфера, да ги влошат меѓучовечките односи, да ја влошат комуникацијата и да влијаат на мотивацијата на вработените.
     Со цел навремено препознавање и соодветно трансформирање на конфликтите од раководителите и вработените која е клучна карактеристика за успехот на организациите, Стопанската комора на Макеоднија на 21.11.2018 година организира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО КОНФЛИКТИ.

ЗА КОГO Е НАМЕНЕТА ОБУКАТА?
• За организации во кои постојат отворени или потиснати конфликти;
• за организации кои сакаат да ги усовршат своите пристапи за менаџирање на конфликти;
• за организации кои во својата дејност имаат постојана размена на идеи, дискусии и избор на најдобри решенија, што создава потенцијал за многу конфликти;
• за раководители на сите нивоа на водење на организациите;
• за менаџери на човечки ресурси или кои извршуваат активности од таа област;
• за вработени кои се вклучени во процеси за избор на најдобри решенија.

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:
• Што е конфликт?
• Видови на конфликт;
• Важноста од оптимално присуство на конфликти во организацијата;
• Динамика на развој на конфликтот;
• Традиционален и современ пристап кон конфликтите;
• Алатките ДРАМА триаголникот и конфликт ПАЗЛ како перспективи за разбирањето на конфликтите;
• Конфликтот како опасност или како можност за напредок;
• Улогата на емоциите во конфликтите;
• Самосвеста како клучен аспект за разрешување на конфликтите;
• Важноста на емоционалната интелигенција при менаџирањето на конфликтите;
• Одредување на личен конфликтен стил;
• Примената на асертивната комуникација при трансформацијата на конфликтите;
• Улогата на емпатијата при трансформацијата  на конфликтите;
• Формулата на ЈАС говор при трансформирањето на конфликтите;
• Пристап за трансформација на конфликтот во 7 чекори.

ЕФЕКТИ ОД ОБУКАТА:
• Полесно ќе управуваш со своите емоции;
• Полесно ќе се справуваш со агресивни луѓе;
• Поодлучно ќе ги искажуваш својот став и чувства;
• Полесно ќе доаѓаш до заедничко решение;
• Поефективно ќе учествуваш во носење тимски одлуки;
• Ќе придонесуваш за похармонична работна атмосфера;
• Конфликтите ќе се намалат;
• Лесно, брзо и смирено ќе ги разрешуваш;
• Наместо со страв и непријатност, на конфликтите ќе гледаш како можност за развој и усовршување.

Предавач:
-Професор д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
Тој е основач и претседател на Институтот СИМБИОТИКА. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации - Jönköping од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки. Во 2010 година од Центарот за развој на претприемачи и менаџери – CEED доби награда за најдобра обука во конкуренција на обуки од реномирани обучувачи и експерти од земјава и странство.
Негова омилена тема му се конфликтите затоа што во нив се содржи целокупната практична примена на сите комуникациски вештини и емоционалната интелигенција и затоа што од успешната трансформација на конфликтите зависи дали некоја фирма забрзано ќе расте и ќе напредува или ќе тоне во трошење на енергијата во долги и измачувачки директни или индиректни расправии.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 16 ноември 2018 година. 

Во прилог: 
- Агенда и 
- Пријавен лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права