28.08.2018 (Форум)
Меѓународни деловни средби - „MEET4BUSINESS AGRA 2018“ - 28.08.2018 Р.Словенија

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE- 10-12.09.2018

18.09.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

26.09.2018 (Форум)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.07.2018


Актуелно  

ВРЕМЕ Е ЗА ПОДДРШКА НА ИНОВАТИВНОСТА НА МАКЕДОНСКОТО СТОПАНСТВО


Бранко Азески,
Претседател на Стопанска комора на Македонија

По природа сум оптимист, но дури и мене, многу позитивно, ме изненади големиот одзив на првиот јавен повик за мерките од третиот столб на Планот за економски раст. Тоа покажува две работи – дека домашните мали и средни претпријатија, ако им се даде потребната поддршка, имаат голем капацитет да бидат полетната сила на економскиот раст, кој ни е толку неопходен (што ќе се стремат да ни го потврдат 236-те компании кои поднеле апликации на овој прв повик), и дека проактивниот ангажман на Фондот за иновации и технолошки развој, на чело со директорот Јован Деспотовски, кој и самиот лично беше присутен на неколку настани кои ги организиравме во Комората за да ги промовира овие мерки, даде резултати на дело.

Иако планираниот буџет за првиот повик изнесуваше приближно 3 милиони евра, на првиот повик беа поднесени апликации со предлози за проекти во вкупна вредност од  речиси 52 милиони евра, од кои околу 19 милиони евра се учество на компаниите во проектите, додека за остатокот – 33 милиони евра, е побарано финансирање од страна на Фондот за иновации и технолошки развој. Ваквиот побаран износ е речиси 11 пати поголем од планираниот буџет за првиот повик во 2018 година, и речиси три пати поголем од планираниот буџет за планираните повици на Фондот за цела 2018 година.

Но, тоа не треба да не загрижува – напротив. Повикот го извади на површина иновацискиот капацитет на македонското стопанство и спремноста на компаниите да инвестираат и сопствени средства – нешто што надежно го исчекувавме сите овие години. На повикот апликации поднеле и 24 компании „газели“ – можеби во некоја од нив се крие некој од следните гиганти на македонското стопанство. Затоа, сега е редот на надлежните државни органи да го препознаат моментот, и да ја прошират планираната поддршка, за да може соодветно да се одговори на овој израз на иновативност на македонското стопанство, и да се обезбеди поддршка за сите компании-апликанти кои во себе носат капацитет за забрзување на економскиот раст. Да не го пропуштиме моментот!











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права