23.04.2018 (Семинар)
ОРГАНИЗАЦИЈА И НАДЗОР НА ДОКУМЕНТИРАН СИСТЕМ НА ИНФОРМАЦИИ ВО КОМПАНИЈАТА И ПРИМЕНА НА ЗАКОНОТ ЗА АРХИВСКО РАБОТЕЊЕ

24.04.2018 (Советување)
Вработување согласно одредбите на Законот за работните односи, разлики помеѓу вработувањето на кандидатите според Законот за работните односи и Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници

24.04.2018 (Семинар)
МЕНАЏИРАЊЕ НА ВРЕМЕТО ВО ОРГАНИЗАЦИИТЕ (TIME MANAGEMENT)

26.04.2018 (Инфо сесија)
Инфо сесија на тема: Развојни насоки на програмите за советодавни услуги во земјоделието за подобрување на локалната економија

26.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар: Измени во подзаконската регулатива во областа на противпожарната заштита

27.04.2018 (Семинар)
ЕФИКАСНИ МАРКЕТИНГ КОМУНИКАЦИИ СО ФОКУС НА ДИГИТАЛЕН МАРКЕТИНГ И СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ

30.04.2018 (Семинар)
ПРАВНА ПРИРОДА НА ДОГОВОРИТЕ ЗА ПРЕВОЗ И ШПЕДИЦИЈА, ПРАВА И ОБВРСКИ НИЗ ПРИЗМАТА НА СУДСКАТА ПРАКСА И ВИДОВИ ДОКАЗИ

30.04.2018 (Семинар)
Еднодневен семинар на тема:БАРАЊА НА СИСТЕМОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЕНЕРГИЈА, СПОРЕД БАРАЊАТА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТАНДАРД ISO 50001:2011 ENERGY MANAGEMENT SYSTEM (ENMS)

08.05.2018 (Бизнис средби)
Конференција и меѓународни деловни средби „FUTURE OF BUILDING“ 8-9 мај 2018 година, Виена, Австрија

29.05.2018 (Семинар)
УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРАВOТО ЗА БЕЗБЕДНА И ЗДРАВА РАБОТНА СРЕДИНА (Законска регулатива на БЗР во Р.Македонија)

30.05.2018 (Форум)
Бизнис форум: Франција – Балкан 2018-30.05-01.06.2018, Белград

Бизнис-настани

20.04.2018 - 20.04.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 53, 4-кат,  Македонија

Подобрување на репутацијата и имиџот на компанијата преку брзо и ефикасно решавање на жалби, поплаки и неусогласен производ, системски решенија, вештини и решавање на конфликтни ситуации интерно во компанијата и према купувачите


Еднодневна обука:
Подобрување на репутацијата и имиџот  на компанијата преку брзо и ефикасно решавање на жалби, поплаки и неусогласен производ, системски решенија, вештини и решавање на конфликтни ситуации интерно во компанијата и према купувачите
(Напредно ниво - ISO 10002 & Organizational Engineering methodology)

20.4.2018 година (петок)
9:30 – 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 53 на 4-ти кат

Вовед

Како една организација се справува со жалбите на клиентите е од клучно значење во работењето, за да се одржи добра репутација и да се подигне имиџот на компанијата. Обуката за ракување со жалби го надградува процесот на идентификација и справување со жалби и ја промовира методологијата потребна за креирање на ефикасна процедура за постапување со жалби на клиенти за подобрување на грижата за корисниците, задоволството и решавање на жалби.

Обуката е наменета за вработените во организацијата и нејзините клиенти, подносителите на поплаки/жалби, како и од други заинтересирани страни (интерно во компанијата, малопродажба и големопродажба).

Поттикнувањето повратни информации од клиентите, вклучувајќи и поплаки ако клиентите не се задоволни, можат да понудат можности за одржување или зајакнување на лојалноста на клиентите и подобрување на домашната и меѓународната конкурентност. Кога жалбите се соодветно поставени, може да ја подобрат репутацијата на организацијата, без оглед на големината, локацијата и секторот. На глобалниот пазар, вредноста на меѓународниот стандард станува поочигледна бидејќи обезбедува доверба во доследниот третман на поплаките/жалбите.

Имплементација на процесот за постапување со поплаки/жалби ќе биде обработена за време на обуката, и тоа преку следните теми:

- да им помогне на организацијата да создаде приод фокусиран на клиентите за 
  решавање на жалбите, и да го охрабри персоналот да ги подобри своите 
  вештини за работа со клиенти;
- да обезбеди основа за континуирано преиспитување и анализа на процесот на 
  обработка на жалбите, решавање на поплаките и подобрување на процесот;
- да се обезбеди пристап на клиентот до отворен директен разговор;
- да ја зајакне способноста на организацијата да ги разрешува жалбите на
  конзистентен, систематски и одговорен начин, на задоволство на 
  подносителот; 
- подобрување на способноста на една организација да ги идентификува 
  трендовите и да ги елиминира причините за поплаките, како и да ги подобри   
  операциите на организацијата.

Цели на обуката:

Подигнување на репутацијата и имиџот на компанијата преку реализација на следните клучни аспекти за постапување во однос на  поплаки/незадоволство на клиенти и ефикасно решавање на конфликтни ситуации во деловните процеси (понуда на производи и услуги, набавка, производство, финансии и слично):

- Превентивни мерки и управување со ризик во однос на потенцијални 
 жалби/поплаки;
- Подобрување на задоволството на клиентите преку создавање средина 
  фокусирана на клиентите која е отворена за повратни информации (вклучувајќи
  ги и жалбите), решавање на сите примени жалби и подобрување на 
  способноста на организацијата да го подобри својот производ и услуги на 
  клиентите; 
 - Вклучување и посветеност на врвниот менаџмент преку соодветно стекнување 
   и распоредување на ресурси, вклучувајќи обука за персонал;
- т.н. Признавање и решавање на потребите и очекувањата на подносителите;
- Обезбедување на подносители на поплаки/жалби со отворен, ефикасен и лесен 
  начин за толкување на поплаките и незадоволството од клиентот;
- Анализирање и оценување на поплаките/жалбите со цел да се подобри 
  квалитетот на производот и услугите на клиентите;
- Ревизија на постапката за обработка на поплаки/жалби;
- Разгледување на ефективноста и ефикасноста на постапката за обработка на 
  жалби.

Целна група:

Врвно раководство, менаџери од прво и второ ниво, продавачи во малопродажба и/или големопродажба, вработени во сектор/процес поврзан со рекламации; вработени кои комуницираат со клиенти; менаџери кои се одговорни за решавање на поплаки/жалби/рекламации.

Предавач:
- Михаил Китановски, интернационален бизнис и менаџмент консултант во 23 земји, со 22-годишно искуство за повеќе од 600 клиенти и воедно управител на „Д2ЕМ КОНСАЛТИНГ“ ДООЕЛ – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување и
- сертификат за присуство на семинарот.

Краен рок за пријавување: 16.4.2018 година.

Во прилог: Агенда и Пријавен лист.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права