24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

04.10.2018 (Форум)
ЕДНОДНЕВЕН БИЗНИС ФОРУМ: „DOING BUSINESS WITH FINLAND“ -04.10.2018

05.10.2018 (Семинар)
CONTENT MARKETING – КАКО ДА ЈА СОЗДАДЕТЕ ВИСТИНСКАТА СОДРЖИНА ЗА ВАШИОТ БРЕНД?

10.10.2018 (Семинар)
ЛОГИСТИКА ВО ОРГАНИЗАЦИЈАТА - НАБАВКА, СКЛАДИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

20.06.2018 - 20.06.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација


Еднодневен семинар на тема:

Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот  за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

20.6.2018 година (среда)
10:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат

 

          Стопанската комора на Македонија, на 20 јуни 2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде анализа на судската практика поврзана со судските спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот  за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација. Со оглед на тоа дека управните постапки по овие закони се`уште траат пред управните органи, се почесто се случува доколку настане каков било спор помеѓу учесниците во тие постапки да бидат прекинати се` додека спорниот однос помеѓу странките, физички или правни лица не биде правосилно разрешен во парнична постапка. Од исходот на парничната постапка зависи понатамошниот тек на управната постапка. Исто така, се случува по завршување на управната постапка одредени лица кои изгубиле некое имотно право да имаат правен интерес истото да го разрешат со тужба во парнична постапка. Во овие постапки чести се и предлозите за издавање привремени мерки заради обезбедување на побарувањата до правосилното завршување на  постапката.

        На семинарот ќе се пристапи со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, причините поради кои се прекинува управната постапка и поради кои се поведува парнична постапка, а учесниците ќе се запознаат со видовите на тужби и судските одлуки кои се донесуваат во овие спорови, како и начинот на постапување на судовите по предлозите за привремени мерки.

ПРОГРАМА

-  Разрешување на спорни односи во парнична постапка кои произлегуваат  
   од управната постапка за приватизација на градежно земјиште;
-  Имотни и облигациони спорови кои произлегуваат од управната постапка
   за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти;
-  Видови на тужби и судски одлуки;
-  Судски спорови кои произлегуваат од постапката за денационализација;
-  Начин на постапување на судот по предлог за издавање на привремени
   мерки во овие спорови;
-  Спорни правни прашања и примери од судската практика.


        Овој семинар е наменет за вработените во правните служби,  адвокатите и за законските застапници, како и за вработените во правните служби на управните органи при соодветните министерства кои постапуваат по овие закони.

Предавачи:
 -
Љубица Колиќ, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје;
 - Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 – Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 14.6.2018 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права