19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Бизнис-настани

23.02.2018 - 23.02.2018


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 1, 5-ти кат,  Македонија

Еднодневен семинар:Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност


Еднодневен семинар на тема:

Одговорност за надомест на штета од професионална дејност и осигурување од професионална одговорност

23 февруари 2018 година
9:30-15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


Стопанската комора на Македонија, на 23 февруари 2018 година, организира еднодневен семинар чија цел ќе биде детална разработка на одредбите од Законот за извршување, Законот за нотаријат, Законот за адвокатура и Законот за облигационите односи кои предвидуваат одговорност за надомест на штета од професионална дејност. На семинарот ќе се пристапи кон теоретски дел со анализа на конкретни законски одредби кои се однесуваат на темата, како и дилемите и спорните правни прашања кои се јавуваат во судската практика, преку анализа на примери од правосилни судски одлуки. На семинарот ќе биде опфатена и анализа на  законските прописи и одредби кои се однесуваат на осигурувањето од професионална одговорност.
 

Програма

1. Основи на одговорност од професионална дејност на нотари, извршители, 
    адвокати, според општите одредби од Законот за облигациони односи;
2. Одговорност за надомест на штета според одредбите на посебните закони: 
    Закон  за адвокатура, Закон за  извршување и Закон за нотаријат;
3. Утврдување на одговорност на нотари, извршители, адвокати од граѓанско-
    правен аспект во парнична постапка;
4. Одговорност во  случај на престанок на вршење дејност на нотар, извршител, 
    адвокат;
5. Дилеми и спорни правни прашања кои произлегуваат од  судската пракса;
6. Осигурување од одговорност од вршење на професионална дејност наменето 
    за сите правни лица кои вршат интелектуални услуги во прометот, 
    застапнички услуги -  адвокати, нотари, извршители;
7. Што предвидуваат општите услови за осигурување од одговорност во вршење 
    на професионална дејност - адвокат, нотар, извршител;
8. Примери од судска пракса - предмет на тужбено барање (права и обврски кои 
    произлегуваат од полиси за осигурување од одговорност за вршење на 
    професионална дејност - нотар, извршител, адвокат).

Овој семинар е наменет за вработените во правните служби, на правните лица, адвокатите, законските застапници, нотарите и извршителите

Предавачи:

 - Љубица Колиќ судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје и
Кети Германова, судија во Основен суд Скопје 2 - Скопје.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Сите заинтересирани за учество на семинарот можат да се пријават најдоцна до 20.2.2018 година.

Во прилог: Пријавен лист и Агенда.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Анита Митревска
Тел: ++ 389 2 3244057
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: anita@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права