20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

20.09.2018 (Бизнис средби)
МАКЕДОНСКО-АВСТРИСКИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ - 20.09.2018 СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

24.09.2018 (Семинар)
ОБВРСКА ЗА ИСПЛАТА НА ДИВИДЕНДА СО ОСВРТ НА ПРЕСМЕТКА, НАЧИН НА ИСПЛАТА, ДАНОЧЕН И СМЕТКОВОДСТВЕН ТРЕТМАН

25.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

26.09.2018 (Семинар)
ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

27.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

27.09.2018 (Конференција)
Конференција за отпочнување на ЕУ проект на тема: „Пазарно ориентирани вештини за одржливо енергетски ефикасно градење“ (TRAINEE)

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

11.09.2018


Актуелно  

ОДРЖАНА ТРИБИНА НА ТЕМА: „ГМО, ГМО-ХРАНА И ГМО-ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ“


Стопанската комора на Македонија и Агенцијата за храна и ветеринарство, во насока на својата добра соработка насловена како „подобра легислатива, подобар бизнис“, ја организираа денешната трибина на тема: „ГМО, ГМО-ХРАНА И ГМО-ХРАНА ЗА ЖИВОТНИ“, - истакна Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија.

- Агенцијата е расположена да ги презентира новините во делот на безбедност на храната, како кај нас, така и во земјите од регионот, Европската унија но и во светот. Поканети се сите релевантни чинители од областа на науката во оваа област кои ќе се обидат да ја доближат темата до претставниците на бизнис секторот, но и до крајните потрошувачи, по што конечно и Агенцијата, но и релевантните институции ќе знаат во која насока треба да се движат и што ќе мора да се направи со цел олеснување на работата на домашните компании, -истакна во своето обраќање Зоран Атанасов, директор на Агенцијата за храна и ветеринарство.

За прв пат во Република Македонија во 2008 година е донесен Закон за генетски модифицирани организми и генетски модифицирани микроорганизми, односно ЗАКОН ЗА ГМО  („Службен весник на РМ“, бр. 35/08). Со овој закон се уредува:

- управувањето со генетски модифицираните организми;
- мерките за спречување и намалување на можните негативни влијанија врз здравјето на луѓето и животната средина, како последица при ограниченото користење на генетски модифицирани организми;
- намерното ослободување на генетски модифицирани организми во животната средина или пуштањето на пазар на производи коишто содржат генетски модифицирани организми и
- прекуграничното движење на генетски модифицирани организми и на производи коишто содржат генетски модифицирани организми и/или се состојат или потекнуваат од комбинација на генетски модифицирани организми вклучувајќи и генетски модифицирани организми како производ.
Дефиниција: Генетски модифицирана храна (ГМО-ХРАНА) е храна што содржи генетски модифицирани организми (ГМО), храна составена од генетски модифицираните организми (ГМО) или храна произведена од генетски модифицирани организми (ГМО).
 
-Член 56  од Законот за ГМО ги утврдува обврските на операторите со храна кои работат со ГМО-храна и ги утврдува основите за носење правилници за посебните барања за безбедност кои треба да ги исполни ГМО-храната и начинот на означување, следење  и начинот за одобрување за пласирање на оваа храна на пазарот во Република Македонија, - информираше Ленче Јовановска од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство во 2011 година  и во 2013 година донесени се подзаконските акти кои произлегуваат од Законот за безбедност на храната, а се во врска со ГМО-храната:
• Правилник за начинот и постапката за издавање одобрение, нејзино времетраење, потребната документација и висината на трошоците во постапката за издавање одобрение за ставање во промет на производот од групата на ГМО-храна („Службен весник на РМ“, бр. 137/11) и
• Правилникот за посебните барања за безбедност на ГМО-храна, означувањето и барањата за следливост на прехранбените производи кои содржат ГМО-храна или се составени од ГМО и барањата за следливост на храната  („Службен весник на РМ“, бр. 119/13).

Со носењето на овие правилници се направи целосна хармонизација на националната легислатива за ГМО-храна со европската легислатива од оваа област (Регулатива 1929/2003 и Регулатива 1930/2003 ). Оваа состојба траеше, за жал, многу кратко време односно само еден месец, така што  имплементацијата на овие правилници во пракса немаше можност да се спроведе. Во моментов имаме предлог-текст на Правилник за  начинот  на  вршењето  на  официјалната контрола на забраната за производство, ставање во промет, увоз во Република Македонија на храна и  производи  од  храна  кои  содржат  ГМО  или  се  составени  од  ГМО, доставен до Владата на РМ за да се донесе одлука за објавување на истиот. Со објавувањето на овој правилник би се пополнила правната рамка за контрола на ГМО-храната, односно за спроведување на забраната за производство, ставање во промет и увоз на ГМО-храна во Република Македонија.

Генетски модифицираните организми (ГМО) се живи организми со чиј  генетски материјал се манипулира во лабораторија преку генетски инженеринг. Праг на прифатливост е случајно или технички неизбежно присуство на генетски модифициран материјал кој е востановен со проценка на ризик и методи на утврдување на присуство на ГМО во храната и изнесува  до 0,9 %, - истакна Лидија Дамевска, од Агенцијата за храна и ветеринарство.

Европската унија има воспоставено сеопфатен и строг правен режим за одобрување на генетски модифицираните организми (ГМО), односно на храната и   храната за животни која се состои или содржи ГМО. Законодавството и политиката на ЕУ за ГМО, врз основа на принципот на претпазливост загарантирана со законодавството на ЕУ и меѓународната заедница, е дизајнирано да ги спречи несаканите ефекти врз животната средина и здравјето и безбедноста на луѓето и животните како резултат на загриженоста изразена од скептичните потрошувачи, земјоделците и еколозите. Поголемиот дел од загриженоста околу храната која содржи или е составена од генетски модифицирани организми се однесува на можноста нивниот потенцијал да предизвика негативни ефекти врз животната средина и врз здравјето на луѓето. Постојат неколку видови потенцијални несакани ефекти што можат да резултираат од внесување на нов ген во организмот. Здравствени ефекти од примарна загриженост на проценувачите на безбедноста се создавањето нови алергени, зголемена токсичност, намалена нутритивна вредност и антимикробна резистенција.

Контроверзите и јавната загриженост околу ГМО-храната и ГМО-културите најчесто се фокусираат на безбедноста на човекот и животната средина, означувањето и изборот на потрошувачите, правата на интелектуална сопственост, етиката, безбедноста на храната, намалување на сиромаштијата и зачувување на животната средина.

Претставниците на домашните компании ја искористија трибината да ги презентираат своите видувања, но и проблеми со кои се соочуваат како резултат на контрадикторноста на Законот, од една страна, и инспекциските служби, од друга.
На крајот на трибината беше деговорено тие да се обратат до Комората за сите отворени прашања во однос на ГМО-делот по што би се покренале итни разговори со највисоките претставници од Агенцијата за нивно итно решавање, а се` со цел да се создаде поповолна бизнис клима за работа на компаниите од прехранбениот сектор.

Васко Ристовски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права