Бизнис-настани

13.03.2018 - 13.03.2018


Конференција Стопанска комора на Македонија,  Македонија

Меѓународна конференција на тема:„ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА ЗА УЛОГАТА НА КОМПАНИИТЕ КОИ УПРАВУВААТСО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД – СЕГА И ВО ИДНИНА“


Меѓународна конференција на тема:„ЕВРОПСКИТЕ ИСКУСТВА ЗА УЛОГАТА НА КОМПАНИИТЕ КОИ     УПРАВУВААТСО ПОСЕБНИТЕ ТЕКОВИ НА ОТПАД – СЕГА И ВО ИДНИНА“


Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Македонија со цел да ги актуелизира/афирмира активностите кои ќе придонесат во унапредување на процесот на колективното управување со посебните текови на отпад (отпад од пакување, електронски и електричен отпад, отпадни батерии и акумулатори) организира Меѓународна конференција на тема: „Европските искуства за улогата на компаниите кои управуваат со посебните текови на отпад – сега и во иднина“, којашто ќе се одржи на  13 март 2018 година во Стопанската комора на Македонија.
 Конференцијата, која е наменета за бизнис секторот, за претставниците на институциите, локалната самоуправа и за другите засегнати субјекти, има за цел да ги лоцира отворените прашања од аспект на практичната применливост на регулативата и да даде насоки за нејзино натамошно доградување со цел постигнување на поставените национални цели за рециклирање на посебните текови на отпад до 2020 година.
Колку отпад создаваме и колку го рециклираме, дали сме на добар пат, учиме ли од земјите кои се пред нас во управувањето со отпадот, како понатаму? Ова се дел од прашањата на кои Конференцијата ќе се обиде да даде одговори и насоки.
Најавеното учество на менаџери на колективни постапувачи со отпад од пакување, електричен и електронски отпад и отпад од батерии и акумулатори од СР Германија, Р. Бугарија и Чешка  Република ќе ја збогати содржината на настанот и со искуствата на овој план од други земји.

 Претседател,
 доц. д-р Филип Ивановски


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Зорица Мешкова
Тел: ++ 389 2 3244019
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: zorica@mchamber.mk

Контакт: Зорица Мешкова
Тел: ++ 389 2 3244019
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: zorica@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права