ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
12.07.2019
Семинар
ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневна работилница:

ПРЕСМЕТКА НА ПЛАТА, НАДОМЕСТОЦИ НА ПЛАТА И ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТЕЊЕТО, ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕ НА ПЛАТА И БОЛЕДУВАЊЕ, ПАУЗИ И ОДМОРИ КАКО ОСНОВИ ЗА ОТСУСТВО ОД РАБОТА

12.7.2019 година (петок)
10:00-16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 12 јули 2019 година, организира еднодневна работилница на тема: „Пресметка на плата, надоместоци на плата и трошоци поврзани со работењето, порамнување и задржување на исплаќање на плата и боледување, паузи и одмори како основи за отсуство од работа“ во насока на стекнување практични знаења за правилното применување на легислативата која ги уредува некои од најчестите дилеми кои произлегуваат од плаќањето на работата како еден од фундаментите на  работните односи.

Особено ќе се анализира: кои се најновите параметри за пресметка на плата, што се надоместоци и трошоци поврзани со работењето, како се постапува во ситуации на постоење услови за порамнување и задржување на исплаќање на плата, кои се спецификите на отсуствата од работа по основ на боледување и користење годишен одмор, како и која е правилната имплементација на законските одредби за користење паузи и одмори.

На присутните ќе им се овозможи лесно да ги применуваат позитивните прописи од оваа област во своето работење, со што ќе се избегне ризикот од изрекување глоба при инспекциски надзор. Дополнително, ќе се придонесе кон заштита како на работодавачите, така и на вработените од евентуален надомест на штета настаната поради непочитување на законската регулатива од дадената проблематика.

ПРОГРАМА

I. ПЛАЌАЊЕ НА РАБОТАТА
   • Законска регулатива;
   • Право на плата;
   • Општ осврт на составните елементи на плата;
   • Практичен пример за утврдување и пресметка на плата.

II. ПОРАМНУВАЊЕ И ЗАДРЖУВАЊЕ НА ИСПЛАЌАЊЕТО НА ПЛАТА
   - Основ и услови за порамнување на побарување на  работодавач со обврска за исплата на плата;
   - Основ и услови за задржување на исплаќањето на плата со посебен осврт на новиот Закон за извршување:
     • Административна забрана;
     • Налог за извршување врз основа на извршна исправа;
     • Претходно исплатен аванс кој сé уште не е оправдан;
     • Надомест на штета;
     • Парична казна изречена од работодавачот;
     • Практични примери и дискусија. 

III. ПРЕСМЕТКА НА НАДОМЕСТ НА ПЛАТА ПО ОСНОВ НА ВРЕМЕНА НЕСПОСОБНОСТ ЗА РАБОТА - БОЛЕДУВАЊЕ

   • Законска регулатива;
   • Исплата на боледување на товар на работодавач;
   • Исплата на боледување на товар на Фондот за здравствено осигурување;
   • Практични примери.

IV. ПАУЗИ И ОДМОРИ

  - Законска регулатива:
    • Пауза за време на работно време;
    • Дневен и неделен одмор;
    • Годишен одмор:
      - Определување за секој вработен одделно;
      - Стекнување право за цел годишен одмор;
      - Пропорционален дел од годишен одмор;
      - Користење годишен одмор;
      - Потврда за искористен годишен одмор;
      - Надоместок за неискористен годишен одмор;
      - Надоместок на плата за годишен одмор и основица за плаќање придонеси и  персонален данок за надоместокот на плата за годишен одмор;
      - Неплатено отсуство;
      - Практични примери на релевантни одлуки и документи.

V. НАДОМЕСТОЦИ НА ТРОШОЦИ ПОВРЗАНИ СО РАБОТАТА

   • Регрес за годишен одмор:
     - Пропишан износ;
     - Сметководствен и даночен третман;
     - Потребна документација;
     - Пресметка.
     - Практични примери.

Предавачи:

- Сашка Бошковска-Богдановска, овластен ревизор, овластен сметководител и овластен проценител во „БДО“ ДОО - Скопје, со практично работно искуство во областа на ревизија, сметководство, даноци и пресметка на плати и

- Викторија Спасовска-Симоноска, правен консултант, предавач на обуки, семинари и конференции со особен фокус на тематики од деловното и трудовото право.

За сите учесници ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на работилницата.

Сите заинтересирани за учество на оваа работилница можат да се пријават најдоцна до 9.7.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје