ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
20.05.2019 👁 Прочитано: 2559

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОТРЕБНАТА РАБОТНА СИЛА“


На 20.5.2019 година, Стопанската комора на Македонија одржа прес-конференција на тема: „Директна финансиска поддршка на компаниите за потребната работна сила“.

Формалниот систем за стручно образование не може на краток рок да излезе во пресрет на барањата на реалниот сектор, а недостатокот на работна сила истовремено претставува најголем ограничувачки фактор за раст на економијата, посочи м-р Анета Трајковска, оперативен директор на Стопанската комора на Македонија. За таа цел Стопанската комора на Македонија како стратешки партнер во проектот: „Образование за вработување“ ја креираше алатката „Фонд на можности“ која води кон поддршка на реалниот сектор во нивната заложба за обезбедување на соодветен стручен кадар со потребни знаења и вештини . Станува збор за алатка која преку финансиска поддршка ќе им овозможи на компаниите како работодавачи да извршат обуки во нивните простории на лица, за кои ќе треба да гарантираат дека 50% од истите - учесниците на обуката ќе ги вработат, најдоцна во рок од 3 месеци по завршување на обуката, додаде м-р Трајковска.

Вработувањето и економскиот развој се една од трите фокусни области на програмите на Швајцарската агенција за развој и соработка во Северна Македонија. Од нашите досегашни средби постојано се нагласува едно исто прашање а тоа е неусогласеноста помеѓу потребните знаења на учениците и побаруваните вештини од страна на работодавачите – нагласи Стефани Томагиан, заменик шеф на мисијата на Швајцарската Агенција за развој и соработка. Преку Фондот на можности целиме кон подобрување на соработката помеѓу компаниите и приватните понудувачи на образовни услуги, за таа цел денес сме тука да го официјализираме склучувањето на првите договори за доделување средства преку Фондот на можности. Овие три партнерства се одлични вести и нивниот ангажман ќе биде од корист не само за компаниите, туку и за целото општество во целина.

Веќе ги имаме официјализирано и првите договори за доделување средства преку Фондот на можности три компании од различни дејности кои во тековниот период добиените средства ќе ги инвестираат во обука на невработени лица кои по стекнувањето на знаења и вештини ќе бидат компетентни за да може да се вработат во овие компании, што всушност претставува и обврска на компанијата и наша крајна цел како Стопанска комора на Македонија и Проект „Образование за вработување“. Тоа се компаниите: „Ронтис“ од Велес, компанија која се занимава со производство на медицински помагала, КАК- македонска компанија сопственик на повеќе угостителски објекти, а препознатлива преку Хотелите Бистра Маврово и Хотел Епинал Битола и Ски Центарот Заре Лазаревски Маврово и Костал Охрид- германската компанија за автомобилски компоненти, истакна Трајковска.

Бојана Димовска, директор на компанијата „Ронтис“ од Велес, компанија која се занимава со производство на медицински помагала, компанија која досега самоиницијативно вложувала во обучување на кадар, пред присутните го поздрави постоењето на алатките како Фондот на можности кој покрај финансиска поддршка овозможуваат соработка средните стручни училишта и креирање на јавно-приватно партнерство. Таа исто така најави дека сите лица кои ќе ја започнат обуката ќе бидат вработени во компанијата.

Од страна на г-дин Огњан Циговски, директор на КАК, македонска компанија сопственик на повеќе угостителски објекти беше истакнато дека оваа алатка ќе даде поттик и на другите компании во угостителскиот сектор преку обука на на кадар од страна на тренери во кои компанијата вложила во изминатите 4 години.

Потребата од стручен кадар беше мотив и за вклучување на компанијата „Костал Македонија“ преку свој придонес да се вклучи во изведување на практичниот дел наставата и да обезбеди продуцирање на кадар кој ќе одговара на барањата и потребите на компанијата, а токму Фондот на можности ќе ни овозможи развивање на програма која ќе одговара на потребите за секторот- додаде Нада Мисоска, од „Костал“ Македонија.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОТРЕБНАТА РАБОТНА СИЛА“

Стопанската комора на Македонија со Проектот E4E @ mk и Фондот за можности се на самиот почеток, што значи дека се повеќе и повеќе поддршка ќе им биде достапна на компании за обука и вработување на млади луѓе во следниот период. Во текот на годината ќе следат и уште два повика до крајот на 2019 година, едниот во месец јуни, а другиот кон крајот на годината, затоа ги поттикнуваме компаниите да ја искористат и да ја користат финансиската поддршка и достапните ресурси на пазарот, со што ја подобруваат нивната ефикасност, а со тоа и ќе придонесат и за раст на економија во целина , истакна опертаивниот директор на Стопанската комора на Македонија, м-р Анета Трајковска

Михајло Донев

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОТРЕБНАТА РАБОТНА СИЛА“
ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ТЕМА: „ДИРЕКТНА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА КОМПАНИИТЕ ЗА ПОТРЕБНАТА РАБОТНА СИЛА“