ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
21.05.2019 👁 Прочитано: 730

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОМОЦИЈА НА САЕМИТЕ DESIGN DISTRICT ВО РОВИЊ И ДУБРОВНИК


Во просториите на Стопанската комора на Македонија беше реализирана работна средба со Татјана Кос, директорка на саемите Design District, Ровињ и Design District, Дубровник и Драго Веселчиќ, директор на фирмата Ера Група ДОО  Загреб. На состанокот беше присутен и Љубе Неделковски, претседател на Здужението на индустријата за преработка на дрво и за производство на мебел и претставници на стручната служба на Стопанската комора на Македонија

На состанокот од страна на Татјана Кос беа презентирани можностите на големите дизајнерски приредби посветени на уредувањето на интериери и екстериери во туризмот * Design District, Ровињ, кој се одржува од 17 до 20 октомври 2019 година и * Design District, Дубровник, од 21 до 23 ноември 2019 година.

Ровињ и Дубровник се две посебни места на кои според Кос македонските компании имаат деловни шанси и не се случајно одбрани, бидејќи сѐ до 2025 година на тие дестинации најмногу ќе се вложува во изградба и подобрување на туристичката понуда со цел зголемување на категоризацијата. Тоа значи дека туристичките објекти ќе имаат потреба од набавка на опрема и мебел и тоа од повисоката и високата ценовна класа, бидејќи во таа насока се движат плановите за видот на гостите и туристичката понуда. Отворањето на многубројни хотели, преуредување на постоечките, подигање на категоризацијата во приватното сместување и други активности кои ќе се спроведуваат во следните неколку години, на понудувачите на намештај и опрема за уредување на интериери им нуди можности да станат добавувачи на туристичкиот сектор.

Исто како и минатогодишниот саем,  се предвидува дека посетители и на годинашните саемски манифестации ќе бидат главно архитекти, големи хотелиери, сопственици на мали и семејни хотели, од подрачјето на Истра, Кварнер, другите делови на Хрватска, Словенија и Италија.

Минатата година Design District Ровињ го посетиле 7500 професионални посетители од подрачјето на туризмот, 300 архитекти и дизајнери на интериери, 109 излагачи а саемот е реализиран на 4.700 м2 површина

Валентина Цветкова

РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОМОЦИЈА НА САЕМИТЕ DESIGN DISTRICT ВО РОВИЊ И ДУБРОВНИК
РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОМОЦИЈА НА САЕМИТЕ DESIGN DISTRICT ВО РОВИЊ И ДУБРОВНИК
РАБОТНА СРЕДБА ЗА ПРОМОЦИЈА НА САЕМИТЕ DESIGN DISTRICT ВО РОВИЊ И ДУБРОВНИК