ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
19.06.2019 👁 Прочитано: 548

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ


Во насока на подобрување и полесно имплементирање на законите во Република Македонија преку ПРОЕКТОТ НА УСАИД „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“, во  Штип, се одржа информативна  сесија на тема: „Закон за финансиска дисциплина и исполнување на договори“.
Целта на настанот беше презентирање на Законот за финансиска дисциплина, како и идентификување на предизвици со кои се соочуваат компаниите при неговата имплементација, а потоа дефинирање на конкретни предлози и решенија за подобрување на Законот и нивно проследување до надлежна институција. Со конкретните предлози се цели кон подобрување на условите за работа на компаниите.
Предавач на овој информативен настан беше Сашо Раденковиќ, експерт, кој го презентираше Законот и отвори дискусија  за подобрување на законското решение.
            -Причините за донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина произлегуваат од потребата за натамошно усогласување со Директивата за борба против задоцнето плаќање во комерцијални трансакции 2011/7/ЕУ во делот на прецизирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот, како и во делот на надоместокот за доцнење при исполнување на парични обврски,- истакна Раденковиќ. .
Согласно Законот за финансиска дисциплина, надзорот над спроведувањето на одредбите кај економските оператори од приватниот сектор го врши Управата за јавни приходи. Од причина што Управата за јавни приходи е ангажирана да врши неданочни надлежности, со што и е отежнато вршењето на основната функција – наплата на даноците, се предлага надзорот од Управата за јавни приходи да се пренесе на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија.
             Основните цели на Законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска дисциплина се:
- допрезицирање на условите од договорот дека не се значително неправедни и нефер кон доверителот; 
- намалување на надоместокот за доцнење при исполнување на паричната обврска од 3.000 денари на 2.400 денари; 
- надзорот од Управата за јавни приходи се пренесува на Државниот пазарен инспекторат при Министерството за економија; 
-бришење на постапката за жалби до Државниот управен инспекторат за ненавремено постапување од страна на органите надлежни за надзор и  
-бришење на обврската за органот кој врши надзор да врачува покана за едукација на одговорното лице на субјектот кај кого е утврден сторен прекршок по прв пат.
Исто така, постапката за жалба до Државниот управен инспекторат за ненавремено постапување од страна на органите надлежни за надзор се брише од причина што истата е веќе уредена во Законот за општата управна постапка. Истовремено се брише и обврската за органот кој го врши надзорот да врачува покана за едукација на одговорното лице на субјектот кај кого е утврдено дека е сторен прекршок по прв пат.
 На инфо-сесијата присуствуваа над 30 учесници, претставници на компании од повеќе сектори, односно од текстилната индустрија, градежништвото, консалтинг-услуги, едукација и од државни институции. Од учесниците на неколку наврати беше побарано активно да учествуваат во дискусијата, по што голем дел од учесниците поставуваа прашања, се произнесоа за своите мислења и проблеми и отворено дискутираа за темата.
Информативниот настан беше организиран во рамки на Проектот на УСАИД: „ПАРТНЕРСТВО ЗА ПОДОБРА БИЗНИС РЕГУЛАТИВА“ во кој партнери се Стопанската комора на Македонија, Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии (МАСИТ), Сојузот на стопански комори на Македонија, Стопанската комора на Северозападна Македонија и „ЕПИ ЦЕНТАР Интернационал“.

м-р Ивана Крстевска

ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ
ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ
ИНФОРМАТИВНА СЕСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ФИНАНСИСКА ДИСЦИПЛИНА И ИСПОЛНУВАЊЕ НА ДОГОВОРИ