15.02.2019 (Семинар)
Право на годишен одмор како уставна категорија; права на работниците во случај на неискористување на годишниот одмор

19.02.2019 (Тренинг обука)
ОБУКА НА СТРУЧЕН И ДРУГ КАДАР (МЕНТОРИ) ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ ПРАКТИЧНА ОБУКА КАЈ РАБОТОДАВАЧИТЕ

21.02.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

22.02.2019 (Семинар)
Еднодневен семинар: СИСТЕМАТИЗИРАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА - ЕФИКАСНА КОМУНИКАЦИЈА ВНАТРЕ ВО КОМПАНИЈАТА И МОТИВАЦИЈА НА ВРАБОТЕНИТЕ -

25.02.2019 (Работилница)
Правна заштита на правните субјекти преку правилно утврдување и уредно исполнување на договорните обврски во домашниот и во надворешниот промет

26.02.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДСТВОТО

26.02.2019 (Семинар)
ОСНОВНИ ПРИНЦИПИ НА ЕРГОНОМИЈАТА И НЕЈЗИНАТА УЛОГА ВО БЕЗБЕДНОСТА И ЗДРАВЈЕТО НА РАБОТНИЦИТЕ

27.02.2019 (Тренинг обука)
ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА УСПЕШНОСТ ПРЕКУ ПОДОБРУВАЊЕ НА ОРГАНИЗАЦИСКАТА КОМУНИКАЦИЈА

28.02.2019 (Семинар)
ЗАТВОРАЊЕ НА ПОБАРУВАЊА - ИСПОЛНУВАЊЕ, КОМПЕНЗАЦИЈА, ОТПУШТАЊЕ ДОЛГ, НОВАЦИЈА, ЗАСТАРЕНОСТ, ЦЕСИЈА, ЗАСМЕТУВАЊЕ НА ИСПОЛНУВАЊЕ, ДОГОВОР ЗА ФАКТОРИНГ

03.03.2019 (Советување)
ГРАДЕЊЕ СИЛНИ ОРГАНИЗАЦИСКИ ТИМОВИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО ПРЕДИЗВИЦИ НА РАБОТНОТО МЕСТО

12.03.2019 (Семинар)
НОВ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ - НОВИ ПРАВИЛА ЗА УЧЕСТВО ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ

15.03.2019 (Академија)
АКАДЕМИЈА ЗА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ -SALES ACADEMY-

21.03.2019 (Семинар)
УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“

01.04.2019 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ ВО ХАНОВЕР, СР ГЕРМАНИЈА, ОД 1 ДО 4 АПРИЛ 2019 ГОДИНА

11.04.2019 (Бизнис средби)
Mеѓународни деловни средби за стартап, мали и средни компании од Источна Европа во Диселдорф, Германија

Бизнис-настани

21.03.2019 - 21.03.2019


Семинар Стопанска комора на Македонија, сала 4, 5-ти кат,  Македонија

УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“




          Безбедноста и здравјето при работа општо се дефинира како наука за предвидување, препознавање, проценување и контрола на опасностите кои се јавуваат во или од работното место. Широк спектар на структури, вештини, знаење и аналитички капацитети се потребни за да се координираат и имплементираат сите елементи кои ги сочинуваат националните системи на безбедност и здравје при работа, така што заштитата достигнува до работниците и животната средина. Позитивното влијание од воведувањето на системите за управување со безбедност и здравје при работа на ниво на организација, како за намалување на опасностите и ризиците, така и на продуктивноста, денес е признаено од страна на Владата на Република Македонија, работодавачите и работниците.

          Со цел да се информираат корисниците, за променливите методологии од областа на безбедност и здравје при работа, како што е и правилното управување со опасни материи и отпад, со што се помага во одржување на здрава и безбедна средина, Стопанската комора на Македонија на 21 март 2019 година, во соработка со Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), ќе реализира еднодневен семинар на тема: УПРАВУВАЊЕ СО ОПАСНИ МАТЕРИИ И ОПАСЕН ОТПАД, СОБИРАЊЕ И ОТСТРАНУВАЊЕ, СКЛАДИРАЊЕ И ДЕПОНИРАЊЕ, РЕЦИКЛИРАЊЕ, ГОРЕЊЕ, КРИТИЧКИ ТОЧКИ И „CASE STUDY“.
На семинарот присутните ќе се стекнат со неопходни познавања за опасниот отпад и одредени компетенции за управување со истиот.

                                                     
ПРОГРАМА


I. Закон за управување со отпад:
- Општи одредби;
- Примена на Законот;
- Делокруг и основни дефиниции.

II. Начела за одржливо управување со отпад


III. „Правилникот за опасни супстанции, гранични вредности (прагови) за присуство на опасни супстанции и критериуми или својства според кои супстанцијата се класифицира како опасна – Закон за безбедност и здравје при работа“
 
IV. Eу-регулатива

   Својства на опасен отпад:
- Реактивност;
- Запаливост;
- Токсичност;
- Канцерогеност;
- Мутагеност;
- Еко-токсичност;
- Експлозивност;
- Инфективност.


V. Опасности и штетности од управување со опасни материи и опасен отпад

VI. Управување со ризикот при ракување со опасни материи и опасен отпад

VII. Содржина на програмата за управување со отпадот, којашто ја донесува надлежниот орган за вршење стручни работи во животната средина:

- Програми на правните и на физичките лица за управување со отпадот;
- Обврски на општините и градот Скопје за управувањето со комуналниот и со другиот неопасен отпад;
- Складирање на отпадот.

VIII. Постапување со инертниот отпад

IX. Постапување со опасен отпад, правила за постапување со опасниот отпад:

- Општи правила за постапување со опасниот отпад;
- Забрана за мешање на опасен отпад;
- Постапување со измешан отпад;
- Задолжително евидентирање и класифицирање на опасниот отпад;
- Идентификационен формулар за опасен отпад;
- Испитување на карактеристиките на отпадот;
- Услови за добивање овластување за испитување на карактеристиките на отпадот. 

X.  Надзор и надлечни органи - Делокруг на државниот инспектор за животна средина  - мониторинг:

- Организација на мониторингот на управувањето со отпад;
- Обем и содржина на мониторингот и управување со податоците;
- Обезбедување мониторинг.

XI. Заклучоци


Предавач:

- М-р Кире Станојоски, дипл. инж. по Заштита на животната средина, Управител за отпад, Стручно лице за Безбедност и здравје при работа и  вработен во РИ-ОПУСПРОЕКТ ДОО Скопје.
 

Овој семинар според Правилникот за едукација на стручни лица за безбедност при работа се бодува со 10 бода за пасивно учество на истиот.


Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 15 март 2019 година.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручек и освежување;
- сертификат за учество на семинарот.

Во прилог:  Пријавен лист и Агенда.

 


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk

Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права