19.06.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби „ЕНЕГРА 2018“ 21 јуни 2018 Сараево, БиХ

20.06.2018 (Семинар)
Судски спорови кои произлегуваат од постапките пред управните органи поврзани со Законот за приватизација на градежно земјиште, Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти и Законот за денационализација

21.06.2018 (Семинар)
Eднодневен семинар:ЈАВНИ НАБАВКИ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ - КОНЦЕПТ ЗА ЗГОЛЕМУВАЊЕ НА ДОВЕРБАТА И ТРАНСПАРЕНТНОСТА ВО ЦЕЛИОТ СИСТЕМ, СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ

21.06.2018 (Семинар)
СОВРЕМЕНИ ТРАНСПОРТНИ ЛОГИСТИЧКИ СИСТЕМИ И РЕШЕНИЈА

28.06.2018 (Семинар)
Предвиденост на надомест на штета во Законот за работни односи, видови надомест на штета, обврска на работодавачите за обезбедување безбедни услови за работа, покренување на прекршочна постапка против работодавач и постапка по жалба

03.07.2018 (Семинар)
ВОВЕД ВО ISO 37001:2017 СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈА

05.07.2018 (Советување)
КРШЕЊЕТО НА РАБОТНИОТ РЕД И ДИСЦИПЛИНА ИЛИ РАБОТНИТЕ ОБВРСКИ КАКО ПРЕДУСЛОВ ЗА ОТКАЗ

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

09.02.2018


Актуелно  

АЗЕСКИ СО ПИСМО ДО ГРЧКИОТ КОЛЕГА: ИНИЦИЈАТИВА ЗА ИНТЕНЗИВИРАЊЕ НА АКТИВНОСТИТЕ ЗА СКЛУЧУВАЊЕ НА ДОГОВОР ЗА ОДБЕГНУВАЊЕ НА ДВОЈНОТО ОДАНОЧУВАЊЕ СО РЕПУБЛИКА ГРЦИЈА


Претседателот на Стопанската комора на Македонија Бранко Азески, со писмо се обрати до претседателот на Унијата на Грчките трговско-индустриски комори, г-дин Константинос Михалос, со предлог повторно да се интензивираат активностите за склучување на Договор за одбегнување на двојното оданочување помеѓу Република Македонија и Република Грција.

При тоа, потенцирано е дека економијата е таа која секогаш прва гради мостови помеѓу државите, и дека примерот на соработката помеѓу Република Македонија и Република Грција најдобро го покажува тоа – бизнисот беше тој кој во изминатите години непрекинато ја одржуваше билатералната соработка помеѓу двете земји, дури и кога политичките процеси затајуваа.

Република Грција традиционално е третиот трговски партнер на Република Македонија, а компаниите од двете земји секојдневно соработуваат, реализираат инвестиции и заеднички проекти. Обемот на размена помеѓу двете земји е во постојан пораст - во 2017 година, вкупниот извоз изнесуваше 180,04 милиони евра, со пораст од 21,9% во споредба со 2016 година, додека вкупниот увоз од 546,09 милиони евра има раст од 21,4% во споредба со претходната година. Обемот на грчките инвестиции во земјата  во периодот од 2003 заклучно со 2016 година изнесува 157,41 милион евра, при што стотици компании со грчки капитал успешно работат во банкарскиот сектор, енергетиката, секторот на прехранбената и текстилната индустрија, градежништвото и трговијата на мало, вработувајќи повеќе десетици илјади работници.

Сепак, имајќи ја предвид географската близина, инфраструктурната поврзаност, но и воспоставените деловни врски помеѓу компаниите од  двете земји, потенцијалите за зајакнување на економската соработка се уште не се искористени максимално. Постојната правна рамка во моментот претставува појдовна основа за економска соработка, но истата е недоволна за нејзино понатамошно развивање. За таа цел, потребно ќе биде помеѓу двете држави да бидат склучени поголем број на билатерални договори, вклучувајќи и договор за одбегнување на двојното оданочување, за трговска и царинска соработка, како и договори за заемни патувања на граѓаните.

- Нашите компании заеднички можат да постигнат многу – тие можат да бидат клучниот фактор за достигнување на посакуваното ниво на економски раст и развој во двете земји, но за тоа да се случи, на бизнисот мора да му бидат обезбедени потребните услови. Посочените околности не обврзуваат пред бизнис-заедниците кои ги претставуваме, заеднички да работиме во насока на целосно реализирање на потенцијалите на заемната соработка. Бизнис-заедниците од нашите држави од надлежните органи очекуваат создавање на поволно деловно опкружување и инвестициска клима. Создавањето на предуслови за зголемување на обемот на размената и на инвестициите помеѓу нашите две земји треба непречено да се одвива, без оглед на развојот на политичките процеси - наведува Азески во писмото.

Стопанската комора на Македонија и Унијата на Грчките трговско-индустриски комори уште во 2007 година пред надлежните органи го покренаа прашањето за склучувањето на Договор за одбегнување на двојното оданочување, но заложбите досега останаа без успех. Со оглед дека овој договор е неопходната правна рамка за понатамошно унапредување на заемната економска соработка помеѓу двете држави, со писмото Азески го извести грчкиот колега дека Стопанската комора на Македонија се обрати до надлежните органи во нашата држава, со предлог да се интензивираат активностите за склучување на Договор за одбегнување на двојното оданочување, и повика Унијата на Грчките трговско-индустриски  комори, во рамките на своите надлежности, да преземе активности во истата насока.

Унијата на Грчките трговско-индустриски  комори ги претставува 59-те локални грчки комори (за трговија, индустрија и занаетчиство), кои имаат седишта низ територијата на целата земја. Г-дин Константинос Михалос, претседателот на Унијата на Грчките трговско-индустриски  комори, истовремено е и претседател на Атинската трговско-индустриска комора, која постои и активно функционира од 1841 година, како најголема и најбројна бизнис асоцијација во земјата.

Одделение за информирање











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права