Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

13.06.2018


Актуелно  

БИЛАТЕРАЛНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ ПОМЕЃУ СТРАНСКИТЕ ИНВЕСТИТОРИ И ДОМАШНИТЕ КОМПАНИИ ЗА ПОГОЛЕМА ИНКЛУЗИВНОСТ ВО ГЛОБАЛНИОТ ЛАНЕЦ НА НАБАВКИ


Деловни средби за зацврстување на соработката меѓу странските инвеститори и локалните компании кои имаат потенцијал да станат нивни добавувачи, во организација на Советот на странски инвеститори и Стопанската комора на Македонија, заедно со Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржаa на 13.6.2018 година во Стопанската комора на Македонија.

Настанот е во рамките на Проектот „Зголемување на конкурентноста на домашните мали и средни претпријатија со цел подобрување на нивната соработка со странските инвеститори“ што ќе трае 24 месеци е финансиран од фондови на ЕУ, во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА) и се спроведува во партнерство со виенскиот универзитет за технологија - Институт за менаџмент во науката и е поддржан од Владата на Република Македонија која посветено ја охрабрува ваквата соработка. 

Деловните средби се следна фаза на проектот по успешно реализираната конференција и тркалезна маса на која претставниците на Владата на РМ и приватниот сектор дебатираа за можностите за поголема соработка меѓу странските инвеститори и домашните компании, како и за политиките и мерките на финансиските институции и странските донаторски организации за поддршка на локалните мали и средни компании и зацврстување на нивните капацитети.

Билатералните деловни средби претставуваат одлична можност домашните компании на директен начин да им ги презентираат своите производи и услуги на странските инвеститори, во насока на воспоставување заедничка соработка и нивно вклучување во глобалниот ланец на набавки.

Влатко Стојановски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права