28.08.2018 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ ДЕЛОВНИ СРЕДБИ „MEET4BUSINESS AGRA 2018“

05.09.2018 (Семинар)
ПЛАТИ И ПРАВА И ОБВРСКИ ОД РАБОТЕН ОДНОС КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД ПЛАЌАЊЕТО НА РАБОТАТА

10.09.2018 (Конференција)
Самит за планински туризам во Централна Европа – MoReSCE

11.09.2018 (Семинар)
ИНТЕРЕН МАРКЕТИНГ – СПОЈ НА МАРКЕТИНГОТ И ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ

14.09.2018 (Семинар)
ИЗГОТВУВАЊЕ НА БИЗНИС ПЛАНОВИ И ЕКОНОМСКИ АНАЛИЗИ

14.09.2018 (Семинар)
5 WHY – 5 ЗОШТО И FISHBONE / ISHIKAWA – РИБЈА КОСКА ДИЈАГРАМ ТЕХНИКИ ЗА СИСТЕМАТСКИ АНАЛИЗИ ЗА ПОСТИГНУВАЊЕ НА ОЧЕКУВАНИ РЕЗУЛТАТИ

18.09.2018 (Семинар)
ВЕШТИНИ ЗА УСПЕШНО ПРЕГОВАРАЊЕ- WIN-WIN -профит, договор и лојални клиенти-

20.09.2018 (Семинар)
ОБУКА ЗА ДЕЛОВНИ АСИСТЕНТИ И ФИНАНСИСКИ АДМИНИСТРАТОРИ, АРХИВСКО И КАНЦЕЛАРИСКО РАБОТЕЊЕ И УНАПРЕДУВАЊЕ НА ПРОТОК НА ДОКУМЕНТИ, ИНТЕРНА И ЕКСТЕРНА КОМУНИКАЦИЈА ВО КОМПАНИЈАТА

21.09.2018 (Семинар)
НАЈНОВИТЕ ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИТЕ ОДНОСИ

26.09.2018 (Бизнис средби)
БИЗНИС СРЕДБИ И РЕГИОНАЛЕН БИЗНИС ФОРУМ 26 септември 2018 година, Нови Сад, Србија

26.09.2018 (Семинар)
НОВИНИТЕ ВО НАЦРТ-ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ СО ПОСЕБЕН ОСВРТ НА ЕЛЕКТРОНСКИТЕ АЛАТКИ И ПОСЕБНИ НАЧИНИ НА ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДОГОВОРИТЕ

28.09.2018 (Семинар)
ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОБАРУВАЊАТА СО ЗАЛОЖНО ПРАВО СУДСКИ СПОРОВИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД РЕАЛИЗАЦИЈА НА ЗАЛОЖНО ПРАВО

28.09.2018 (Семинар)
БЕЗБЕДНОСТ НА ИТ-ИНФРАСТРУКТУРА

02.10.2018 (Советување)
ТЕХНИКИ И МЕТОДИ НА ТИМСКА РАБОТА, ЛИДЕРСТВО ВО ТИМОТ И КРЕИРАЊЕ НА ИДЕИ - „BRAINSTORMING“

17.10.2018 (Бизнис средби)
Marketplace Austrian food, Виена, Австрија. 17.10.2018

07.11.2018 (Бизнис средби)
Бизнис средби ЈИЕ ИТ САМИТ 7-9 ноември 2018 Нови Сад, Србија

Соопштенија, вести, актуелности - Приказ на содржина

19.07.2018


Актуелно  

СРЕДБА НА РЕГИОНАЛНАТА КОМОРА СО СЕДИШТЕ ВО БИТОЛА СО УЈП И ОПШТИНА БИТОЛА ЗА УНАПРЕДУВАЊЕ НА СОРАБОТКАТА МЕЃУ БИЗНИСОТ И СПОРТОТ


Регионалната комора со седиште во Битола при Стопанската комора на Македонија, во соработка со Општина Битола и Управата за јавни приходи на Република Македонија, на 18.07.2018 година одржа средба со локални компании и спортски клубови. Целта на оваа средба беше активирање на приватните компании во општините дел од добивката да ја наменат за финансирање на спортските клубови, генерално за развој на спортот, при што ќе добијат одредени законски ослободувања, како и информации за други прашања од областа на даночната проблематика.

Претседателот на Регионалната комора со седиште во Битола, Мирко Велковски посочи дека оваа средба е организирана да се иницира зголемено активирање на приватните компании во регионот за соработка со спортските клубови, во функција на развој на спортот, при што, од друга страна, компаниите ќе се запознаат со законските прописи по однос на даночните ослободувањата.

Претставниците од регионалната дирекција на УЈП на присутните им ги презентираа деталите на Закон за донации и за спонзорства во јавните дејности како и Закон за донации и за спонзорства во спортот. Беше истакнато дека со овие закони се уредуваат основите и целите на давање и примање донации и спонзорства, предметот на донации и спонзорства, користењето на истите, евидентирањето и контролата на донациите и спонзорствата во јавните дејности и сл.

На средбата, членовите на Регионалната комора со седиште во Битола се запознаа со постапката и начинот на давање и примање на донација, односно спонзорство, како и видовите на даночни поттикнувања. Спортските клубови пак се запознаа со можностите кои што ги нуди државата во насока на развој на оваа дејност.

Регионалната комора со седиште во Битола и во иднина ќе организира средби од овој вид на кои стопанството од регионот ќе се запознае со тековните прописи во сферата на даночната политика и истовремено ќе го поддржува развојот на општините во целина.

М-р Никола Димковски











 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права