ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Актуелно / Стопанска комора на Македонија
   
Актуелно
28.05.2019 👁 Прочитано: 1994

ВИДЕО ЗАПИСИ ЗА ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ


Царинската управа на Република Северна Македонија презентира кратки информативни видео записи во врска со царинското работење, кои се дел од проектот „Како подобро да се разберат царинските постапки”.

Видео записите се изготвени со цел олеснување на трговијата преку развивање на знаења и вештини на сите инволвирани во царинскиот процес на тарифно распоредување, царинска вредност, правила за потекло, инкотермс правила и учество на царината во приходите.

Видео записите се изработени од Здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО од Скопје, под покровителство на KGH Douaneopleidingen (Customs Services Company) од Холандија и Nuffic – независна, непрофитна, холандска организација за интернационализација во образованието.

ВИДЕО ЗАПИСИ ЗА ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ

На презентацијата, што се одржа во Стопанската комора на Македонија, а на која присуствуваа преставници од бизнис секторт обраќање имаше директорот на Царинската управа Ѓоко Танасоски, заменик амбасадор на Кралството Холандија Андри ван Менс и Бенедикт Меиле претставник од KGH Douaneopleidingen од Холандија.

Линк до 5-те видеа
https://www.youtube.com/playlist?list=PL4_nVEuOvkk0uXBas8m2hLkMsUUCI5HIA

Служба за информирање

ВИДЕО ЗАПИСИ ЗА ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
ВИДЕО ЗАПИСИ ЗА ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
ВИДЕО ЗАПИСИ ЗА ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ
ВИДЕО ЗАПИСИ ЗА ЦАРИНСКОТО РАБОТЕЊЕ