КОМОРАТА ИЗРАБОТИ АНАЛИЗА ЗА ЗАНИМАЊА ВО СЕДУМ КЛУЧНИ СЕКТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ

КОМОРАТА ИЗРАБОТИ АНАЛИЗА ЗА ЗАНИМАЊА ВО СЕДУМ КЛУЧНИ СЕКТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ

Сериозниот пристап на Стопанската комора на Македонија се гледа во вложувањето во својот кадар преку обуки за унапредување на вештините за анализи и предвидувања потребни за членките на Комората .

Во таа насока во Комората беше одржана дво дневна обука на тема - Бизнис анализа и прогноза на идните движења. Обуката беше реализирана со вклучување на експерти од областа на статистичкото следење и предвидување на трендовите.

Во таа насока беше разгледан и Нацрт текстот на Анализата за предвидените занимања во клучните седум сектори на квалификации. Анализата во Комората е направена со цел да се предвидат потребните занимања на компаниите членки на Комората на краток и среден рок, односно за следните 12 и 36 месеци.

Со истражувањето беа опфатени 300 компании. Согласно повратно добиените одговори се подготви Анализата која содржи Извештај со заклучоци и препораки кој ќе бидат неопходни за преземање чекори согласно потребите на компаниите.

Анализата и Извештајот со заклучоци и препораки, Комората го подготви по повеќегодишни укажувања на бизнис секторот дека кадрите што излегуваат низ процесот на образование не ги поседуваат потребните вештини и компетенции за одвивање на работните процеси. Тоа ја забавува продуктивноста во работењето на компаниите, а истовремено ги зголемува вложувањата во нововработениот кадар за преквалификација и доквалификација што се заедно го забавува развојот и растот на домашната еконмија, а влијае и на конкурентноста на нашите компании на меѓународниот пазар.

КОМОРАТА ИЗРАБОТИ АНАЛИЗА ЗА ЗАНИМАЊА ВО СЕДУМ КЛУЧНИ СЕКТОРИ НА КВАЛИФИКАЦИИ

М-р Наташа Јаневска

м-р Наташа Јаневска
самостоен советник во Стопанска комора на Македонија