Поголем пласман на домашните производи - ветер во грб за сите нас

   

➤ ОД КОМПАНИИТЕ (27.05.2020)
👁 Прочитано: 1382


Поголем пласман на домашните производи - ветер во грб за сите нас

Слободан Кутревски, првиот извршен директор на ПЕКАБЕСКО

Дел од пораките во Интервју за Instore

Работењето на „Пекабеско“ во изминатиов период, од јануари до април, во кој се појави пандемијата се карактеризира по тоа што вкупната финансиска реализација е на ниво на остварувањата за истиот период од минатата година. Тоа значи дека не се остварени  планираните резултати, иако на материјален план вкупната реализација покажува благ пораст од 4% во споредба со истиот период од минатата година.

Што се однесува на реализацијата само на сувомесните производи за периодот од јануари до април, таа бележи пораст од 11% во однос на ланскиот соответен период и е над планираното за овој период од годината. Тој процент би бил поголем доколку не потфрли малку извозот во април поради воведувањето на различни мерки на ограничувања кај земјите од Западен Балкан. И покрај тоа потфрлање извозот за четири месеци бележи пораст од 7%, а дома реализацијата бележи пораст од 14%. Севкупно реализацијата за четири месеца бележи пораст од 11% во однос на истиот период од минатата година што преставува пораст за 2% повеќе од планираното за овој период од годината.
Очекуваме, веројатно како и сите правни лица во државата, производители и трговци, да се зголеми пласманот на нивните стоки и услуги, а со тоа да се даде малку ветер во грб на сите нас. Тоа е добредојдено по овие, еве веќе, два месеца тешка состојба во државава со неработење на голем број субјекти и со седење дома на голем број потрошувачи.

Целото интервју на Instore.mk