Одржан “он-лине” состанок на тема: Сивата економија во е-трговијата
➢ Актуелно (30.07.2020)
👁 Прочитано: 568


Министерството за финансии со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Коморите, Асоцијацијата за е-трговија и други релевантни институции, го подвлекоа значењето за законска рамка во е-трговијата и намалување на сивата економија
 Одржан “он-лине” состанок на тема: Сивата економија во е-трговијата

Според информациите на Министерството за финансии, во месец март 2020 година има отворено скоро еднаков број на е-продавници, како во цела 2019 година. Но, како што посочува министерската за финансии Нина Ангеловска, значајно расте и бројот на нерегистрирани продавачи поради што Министерството за финансии заедно со УЈП, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат, Стопанската комора на Македонија, Сојузот на стопански комори, Асоцијацијата за е-трговија и Агенцијата за пошти разговараа за она што може да се преземе веднаш како одговор во борбата против сивата економија во е-трговијата.

Министерската Ангеловска истакна дека компаниите се адаптираат и отвараат нов продажен канал за полесен пристап до потрошувачите, справување со намалениот промет на физичките локации, како и зголемување на конкурентноста и пристап по поголем пазар, и со тоа значајно расте бројот на нови е-продавници и е-трансакции со ковид пандемијата.

Министерската потенцираше дека, во Министерство за финансии уште пред кризата е изготвен предлог акциски план за борба со сивата економијата, во кој е воведен посебен дел наменет за сивата економија во е-трговија, кој вклучува активности за системски решенија, градење на капацитетите на институциите и кревање на свеста кај граѓаните. Министерката Ангеловска истакна дека на кус рок ги зајакнуваат расположивите институционални механизми и контроли со цел да се намали сивата економија, додека на среден рок потребна е законска рамка за е-трговија која ќе ги постави јасно правилата со цел – од една страна да се заштитат потрошувачите и нивните права, а од друга страна фер конкуренцијата на пазарот и наплатата на давачките во државната каса.

И бизнис заедницата дава целосна поддршка во борбата против сивата економија, заштита на бизнисите и јасно поставување на правилата за работа и во е-трговијата.

 

Служба за информирање при Комората