ДУНА - семејно одговорнa компанија

   

👁 Прочитано: 543


ДУНА - семејно одговорнa компанија

Дуна Д.О.О донесе одлука во корист на своите вработени-мајки. По завршување на породилното отсуство од работа поради бременост, раѓање и родителство, новите мајки ќе имаат можност следните 12 месеци да работат со скратено работно време (4 часа), а притоа ќе добиваат целосен месечен надомест-личен доход и ќе ги уживаат сите привилегии како да работат со полно работно време.

Водејќи се од светските истражувања и трендови, со што се повеќе се тестира и потврдува дека продуктивноста е многу зголемена кај лица кои работат со пократок број на работни часови или пак помалку денови во неделата, сигурни сме дека ваквата промена ќе вроди со плод и ќе биде полн погодок и за нас како компанија но и за самите вработени.

Ваквата одлука е резултат на долгогодишна заложба за континуирано подобрување на условите за работа и верувањето во идејата дека само среќните вработени ќе придонесуваат дополнително во секојдневното работење.

Веќе трета деценија ДУНА е водечка компанија присутна во бизнис секојдневието во Македонија, со канцеларии во Албанија и Србија, како и бројни проекти во Косово.

Дуна силно верува во општествено корисните акции кои се поддржани не само од компанијата туку и од нејзините вработени. Во таа насока, поддржуваме организации и проекти кои се развиваат, присутни сме во јавни установи за грижа за деца, спортски активности и заштита, но и постојано настојуваме да влијаеме на одржувањето на животната околина.

Денешната одлука е само една алка од позитивните мерки кои ќе ги преземеме во иднина за нашите вработени и за градењето позитивна работна атмосфера.

Особени сме горди на сите насмевки што сме ги предизвикале низ сите овие години постоење, бидејќи смеата е омилениот звук во нашето секојдневно функционирање.