Блумберг: Индиската компанија „Рилајанс“ ја надмина „Ексон мобил“ и стана втора енергетска компанија во светот
👁 Прочитано: 993



Блумберг: Индиската компанија „Рилајанс“ ја надмина „Ексон мобил“ и стана втора енергетска компанија во светот

Индиската компанија Relience Industries ја надмина американската ExxonMobil и стана втора енергетска компанија во светот според пазарна капитализација. На прво место е саудискатa Saudi Aramco.

Kaко што соопшти агенцијата Блумберг, при затворањето на тргувањата на берзата во Мумбај во петокот, 24.07.2020 година, цената на акциите на компанијата контролирана од Мукeш Амбани, најбогатиот човек во Азија, се зголемила за 4,3 проценти. Така, пазарната капитализација на компанијата достигнала 189 милијарди американски долари, додека пазарната капитализација на Exxon во тој момент била 183,63 милијарди долари. 

Пазарната капитализација на Saudi Aramco пак е недостижна – компанијата вреди 1,75 билиони долари. 

Од Блумберг велат дека растежот на акциите на Relience Industries не е толку поврзан со активностите на компанијата во областа на енергенсите нафта и гас, колку со операциите на компанијата на пазарите со дигитални услуги и технологии и малопродажбата. 

На пример, дигиталната филијала на Reliance – Jio Platforms Ltd, привлека инвестиции во вредност од 20 милијарди долари, што е дел од своевидниот тренд според кој светските информациско-технолоши гиганти својата иднина повеќе ја гледаат во Индија отколку во Кина.

Служба за информирање при Комората