24.10.2017 (Семинар)
МЕТОДИ И ТЕХНИКИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ ВО ЈАВНИОТ ВО ДРЖАВНИОТ СЕКТОР СОГЛАСНО СИСТЕМИТЕ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КВАЛИТЕТ

26.10.2017 (Семинар)
ПРАВИЛНИК ЗА БЛАГАЈНИЧКО РАБОТЕЊЕ

27.10.2017 (Семинар)
СУДСКИ ПОСТАПКИ, ИСКУСТВА И СУДСКА ПРАКСА ВО ОБЛАСТА НА ДАНОЧНИТЕ ПРЕКРШОЦИ

30.10.2017 (Бизнис средби)
„Саем за директни бизнис средби Кошице 2017“-Словачка, 30.10.2017

31.10.2017 (Семинар)
КУПУВАЧКА МИСИЈА И ПОСЕТА НА „EXPORT WEEK 2017“ - 31.10-2.11.2017

01.11.2017 (Тренинг обука)
СО НАПРЕДНИ КОМУНИКАЦИСКИ ВЕШТИНИ ДО ПОДОБРУВАЊЕ НА ОДНОСОТ СО КЛИЕНТИТЕ, СОРАБОТНИЦИТЕ И ВРАБОТЕНИТЕ, Прага, Р.Чешка

01.11.2017 (Бизнис средби)
Бизнис средби „Ready2GO" во САД, Канада, Чиле, Камерун и Индија

02.11.2017 (Тренинг обука)
„МЕНАЏЕРСКИ ВЕШТИНИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЧОВЕЧКИ РЕСУРСИ“

02.11.2017 (Семинар)
НАПРЕДЕН EXCEL – КРЕИРАЊЕ EXCEL DASHBOARD

02.11.2017 (Семинар)
Тренинг-обука: ПОДОБРУВАЊЕ НА ПЕРФОРМАНСИТЕ КАЈ ВРАБОТЕНИТЕ ВО ПРОДАЖБА

02.11.2017 (Саем)
„Match4Industry Business Matching Event“ - 2-3.11.2017, Коџаели, Република Турција

02.11.2017 (Конференција)
Конференција на тема: „Предизвиците на патот кон Европската Унија“-2-3.11.2017 Будва, Црна Гора

06.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА:ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Бизнис средби)
МЕЃУНАРОДНИ БИЗНИС СРЕДБИ „RENEXPO®BIH 2017“ - 9.11.2017 Сараево, БиХ

09.11.2017 (Конференција)
Меѓународна дводневна конференција за финансирање на европски програми - Скопски Саем

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

09.11.2017 (Тренинг обука)
НАПРЕДНИ ОБУКИ ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

23.11.2017 (Саем)
"24. Интернационален саем во Тирана"- 23-26.11.2017 Тирана, Р. Албанија

28.11.2017 (Бизнис средби)
„INTERNATIONAL MACHINERY AND PLANT ENGINEERING FORUM 2017“

Бизнис-настани

19.10.2017 - 20.10.2017


Семинар Стопанска комора на Македонија,  Македонија

ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА


Дводневен семинар на тема:

ДЕФИНИРАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА НА ПРЕТПРИЈАТИЈАТА

19-20 октомври 2017 година (четврток-петок)
9:00-15:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на 5-ти кат
 

          Емпириското искуство покажува дека компаниите во недоволна мера обрнуваат внимание на формирањето и адекватната примена на ценовната стратегија и политика. Во фокусот на менаџментот се повеќе прашања поврзани со други елементи како: маркетинг микс, финансии и развој на производи, а многу помалку кон оптимизација на цената, иако ефектите на профитабилност се многу поголеми во однос на останатите активности.
          Глобалното истражување покажува дека зголемувањето на цената за 1% влијае на раст на профитот за 8%, додека зголемувањето на пазарниот удел за 1%, односно намалување на фиксните и варијабилни трошоци за 1% доведува до значајно помало зголемување на профитот: 4%, 4% и 3% респективно. За таа цел, Стопанската комора на Македонија на 19 и 20 октомври 2017 година организира дводневен семинар на тема: Дeфинирање на ценовната политика на претпријатијата.
          Адекватно поставување на ценовните стратегии во рамкитe на вкупната стратегија на компанијата е еден од најважните елементи за обезбедување долгорочна профитабилност.

ЦЕЛ НА СЕМИНАРОТ:

- Презентација на методолошката рамка за формирање адекватна ценовна политика на компанијата со цел зголемена профитабилност;
- Разбирање на улогата на трошоците во формулирањето на ценовната политика;
- Разбирање на улогата на вреднување на производот од страна на купувачот/потрошувачот во формирањето на ценовната политика;
- Разбирање на улогата на конкурентот во формирање на оптимална ценовна политика;
- Совладување на различни модели, методи и техники за формулирање ценовна политика и донесување на менаџерски одлуки;
- Примена на знаења при конкретни случаи од праксата.

ПРОГРАМА


1. ВОВЕД
- Значењето на ценовната политика и стратегија;
- Видови ценовни политики и стратегии;
- Однос на ценовната политика и стратегија во контекст на целосната стратегија на претпријатието;
- Три аспекти на согледување на ценовната политика и стратегија.

2. ТРОШКОВЕН АСПЕКТ НА СОГЛЕДУВАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА И СТРАТЕГИЈА
- Основен концепт;
- Основни методи на одредување на цената;
- Ценовна еластичност;
- Диференцијација на происводите и одредување цени за производни линии.

3. АСПЕКТ НА ВРЕДНОСТ НА ПОТРОШУВАЧОТ ЗА СОГЛЕДУВАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА И СТРАТЕГИЈА
- Вредност на потрошувачот и клучни двигатели;
- Диференцијација по сегменти на потрошувачи;
- Концепт „подготвеност за плаќање“
- Техники за следење и споредување на цените;
- Ценовна политика и стратегија заснована на вредности;
- Психолошки аспекти при одредувањето на цената.

4. АСПЕКТ НА ПАЗАРОТ И КОНКУРЕНЦИЈАТА ЗА СОГЛЕДУВАЊЕ НА ЦЕНОВНАТА ПОЛИТИКА И СТРАТЕГИЈА
- Регулаторни елементи на ценовната политика;
- Конкурентстки пречки;
- Мапирање на вредности;
- Ценовни „војни“ и водење ценовна политика во конкурентстко опкружување;
- Одредување цена во текот на животниот циклус на производот.

Предавач:

- Александар Илиќ, магистар на економски науки при Универзитетот во Белград, извршен директор на консултантската компанија „Certus consaltung“ од Р.Србија со повеќе од 10-годишно работно искуство во приватниот и во јавниот сектор, консултант во областа на инвестиционо-финансиски и менаџмент услуги. Во своето професионално искуство ја вбројува и специјализацијата на тема „Pricing Optimization Strategy“ (Стратегија на ценовна оптимизација) при Универзитетот Вирџинија во САД.

Работен јазик: српски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување за семинарот: 17 октомври 2017 година.


Агенда на настанот
Пријавен лист
Останати документи
Аплицирај електронски / on-line


Контакт: Михајло Донев
Тел: ++ 389 2 3244067
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: mihajlo@mchamber.mk

Контакт: Елизабета Андриевска-Ефтимова
Тел: ++ 389 2 3244074
Факс:++ 389 2 3244088
Контакт Центар : (02) 15015
E-адреса: beti@mchamber.mk










 

Премиум покровители

Покровители

Силвер покровители

Партнери

Државни институции

Меѓународни институции

© 2008 Стопанска комора на Македонија, задржани сите права