ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
27.05.2019
Семинар
ОРГАНИЗАЦИЈА И ДИЗАЈНИРАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Еднодневен семинар:

ОРГАНИЗАЦИЈА И ДИЗАЈНИРАЊЕ НА СИСТЕМ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ И РАЗВОЈ НА МОДЕЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ПОДОБРУВАЊЕ НА КОМПАНИСКИТЕ ПРОЦЕСИ ВРЗ ОСНОВА НА
УПРАВУВАЊЕ СО РИЗИКОТ
-МОДЕЛ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОЦЕСНИТЕ РИЗИЦИ ВО КОМПАНИЈАТА-

31.5.2019 година
9:30 – 15:30 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 1 на V кат


          Пристапот кон управувањето со ризик во Вашата организација и` овозможува на компанијата да го разгледа потенцијалното влијание на сите видови ризици врз сите процеси, активности, засегнати страни, производи и услуги. Спроведувањето на сеопфатен пристап треба да резултира со позитивен ефект и видливи резултати. Глобалната финансиска криза во 2008 година ја покажа важноста на адекватното управување со ризиците, кое и кај нас во изминатиот четиригодишен квартал доби на интензитет и значење. Од тие причини, Стопанската комора на Македонија организира еднодневен семинар на тема: „Организација и дизајнирање на систем за управување со ризикот и развој на модел за утврдување и подобрување на компаниските процеси врз основа на управување со ризикот“. 

          Во рамките на семинарот првично ќе бидат опфатени и разработени повеќе категории прашања во врска со процесот на управување со корпорацискиот ризик, односно во кој компанискиот персонал врши идентификација, проценка и приоритизација по важност, проследено со координирана и економски одржлива примена на превентивно - заштитни ресурси за да се минимизира, надгледува и контролира веројатноста и/или влијанието на несаканите настани.

Главниот акцент ќе биде ставен на:

1. Организација и дизајнирање на компаниски систем за управување со ризикот и
2. Развој на модел за утврдување и подобрување на компаниските процеси врз основа на управување со ризикот.

I. Организацијата и дизајнирање на систем за управување со ризикот ја следи компаниската структура и нејзините главни цели:

  - Ефикасно и ефективно работење;
  - Континуирано подобрување на компаниското портфолио:
  - Доверливо финансиско известување;
  - Усогласеност со постојните закони и прописи. 

     Ова се однесува поединечно на сите компаниски функции, а особено за примарните кои се соочуваат со специфични и карактеристични за областа ризици:
1. Стратешко планирање: идентификува надворешни закани и    конкурентни можности - претставени во моделот на    Управување со корпорациски ризик (ERM - Enterprise    risk management) заедно со стратешките иницијативи за    нивно решавање;
2. Маркетинг: го идентификува оној дел од пазарот и    целниот клиент за да обезбеди насоки и рамка за    усогласување на производот/услугата со барањата на    клиентот;
3. Интерен кодекс: Степен на усвоеност и усогласеност со    внатрешните етички норми и изградената корпорациска    култура на однесување;
4. Сметководство и финансии: оценка на ризик според    (примерот на “Sarbanes-Oxley” од 2002 г.).    Сметководствени и бизнис-скандали кои произлегуваат    од намерно или погрешно водење на финансиски извештаи    и документи;
5. Правен оддел: управува со судски постапки и ги    анализира новите законски трендови кои можат да    влијаат на организацијата, ја усогласува интерната       регулатива;
6. Осигурување: обезбедува соодветно отстапка за    компанијата кога се трансферира манифестиран ризик;
7. Управување со операции - носечка дејност: обезбедува    бизнисот да се одвива континуирано и дека поврзани    дејности се со соодветен импакт. Обезбедување на    оперативен квалитет, потврдува дека оперативното    производство е во рамките на толеранции;
8. Кредит: гарантира дека секој обезбеден (за себе или    клиентите) кредит за клиентите е соодветен за нивната    способност за плаќање;
9. Услуга на клиенти (купувачи): осигурува дека жалбите    на клиентите се следат и исполнуваат, а проблемите се    регистрират и пријавуваат за решавање;
10.Внатрешна ревизија: ја проценува ефективноста на       секоја од горенаведените ризични функции и    препорачува подобрувања.

II. Развој на модел за утврдување и подобрување на компаниските процеси врз основа на управување со ризикот:

Сублимирано претставување на разликите во стандардите "ISO 31000 : 2009" и ISO 31000:

 

Во прилог: Шематски приказ  - модели за управување со ризик "ISO 31000 : 2009" / "ISO 31000: 2018".

Шематски приказ 1 – Процес на управување со ризикот "ISO 31010"

Шематски приказ 2 - Врски меѓу принципите, рамката и процесот на управување со ризикот ISO 31000 – 2009


ISO 31000 – 2018


Целна група
 
Директорите/раководителите на секторите за човечки ресурси во компаниите, безбедност и здравје при работа и стандардизација или за вработените во други деловни и оперативни процеси, а се задолжени со административни обврски водење евиденции и изготвување извештаи.

Предавач:
-д-р Зоран Доревски, консултант за безбедност.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.
 
Сите заинтересирани за учество на овој семинар можат да се пријават најдоцна до 6.5.2019 година.
 


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Михајло Донев
Телефон: ++ 389 2 3244056
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Mihajlo@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје