ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
30.05.2019
Семинар
ПОДГОТВЕТЕ СÈ ЗА УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Eднодневен семинар на тема:

ПОДГОТВЕТЕ СÈ ЗА УЧЕСТВО НА ТЕНДЕРИ ПО НОВИ ПРАВИЛА

30 мај 2019 година
10:00- 16:00 часот
Стопанска комора на Македонија, сала 4 на V кат


             Имајќи предвид дека од 1 април 2019 година стапи на сила нов Закон за јавни набавки, Стопанската комора на Македонија, поради огромен интерес и навремена подготвеност за оваа секогаш актуелна тема, организира еднодневен семинар на 30 мај 2019 година и истите се наменети за сите приватни компании како неминовни учесници на пазарот за јавните набавки.

Целта на семинарот:

             Целта на овие семинари е понудувачите навреме да се подготват за добивање  државни тендери според новите правила, да се запознаат со новините, предностите и предизивиците што ги нуди новото законско решение.
            Поедноставени, побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки, избор на стоки, услуги и работи според критериум најдобра вредност за парите, поттикнување на поголемо учество на малите и средните претпријатија на пазарот на јавни набавки, намалени трошоци за учество и надоместоци за жалба, поголема информираност и увид во целокупната документација на постапката, помалку ризици и стабилна законска рамка сè само мал дел од новините кои се имплементирани во НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ.

ПРОГРАМА

ВАЖНИТЕ НОВИНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ:
- Побрзи и потранспарентни постапки за јавни набавки;
- Пристап до годишните планови на сите договорни органи (Е-ПЛАН);
- Поедноставни правила за учество на тендер и потребни документи по видови постапки;
- Претходна проверка на пазарот односно технички дијалог и начин на кој ќе се спроведува;
- Услови за исклучување и услови за квалитативен избор на понудувачите;
- Негативни референци и измени во времетрањето и основите за доделување;
- Оформување на набавката во повеќе делови за поголемо учество на малите и средните претпријатија;
- Групна понуда и начин на утврдување на способност кај група na понудувачи;
- Доделување на дел од договорот на подизведувач;
- Критериум економски најповолна понуда, поголем квалитет на стоките, работите и услугите наспроти задолжитена најниска цена и е-аукција;
- Економски најповолна понуда - (цена/трошоци за животен век/квалитет);
- Потполна информираност и автоматизација на процесот на јавно отворање (инфо за група понудувачи, подизведувачи, детали за понудената стока/услуга/работа), увид во   целокупната документација на понудувачите и е-жалба;
- Различни рокови за изјавување на жалба по видови постапки и преземени дејствија;
- Намалување на надоместокот за жалба за повеќе од половина;

Предавачи на семинарот ќе бидат директно изготвувачите на новиот Закон за јавни набавки, со кои ќе имате непосредна можност да разговарате за новините и толкувањата на одредбите. Предавачите се воедно експерти за јавни набавки и ЕУ/УНДП/ЦИПС сертифицирани обучувачи за јавни набавки со долгогодишно искуство во областа, вработени во Бирото за јавни набавки, вклучени во развојот на системот за јавни набавки и е-набавките во Македонија:
Марија Јованоска;
Горан Давидовски.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот.

Поради голема заинтересиранотст и ограничен број на места,  Ве молиме Вашата пријава да ја доставите најдоцна до 21 мај 2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје