ЕДЕН РЕГИОН
ЕДНА ЕКОНОМИЈА
Средби, Семинар, Обука, Настан
   
10.06.2019
Семинар
КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА
Стопанска комора на Македонија, Македонија

Eднодневен семинар на тема:
 
КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА

18 јуни 2019 година (вторник)
10:00- 15:00 часот
Стопанска коморa на Македонија, сала 1 на 5-ти кат


          Стопанската комора на Македонија, на 18 јуни 2019 година, организира еднодневен семинар на тема: „КРЕИРАЊЕ НА ЕФИКАСЕН СИСТЕМ ЗА МОТИВИРАЊЕ, ОЦЕНУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИТЕ ВО ВАШАТА ОРГАНИЗАЦИЈАТА“.

Цел на семинарот: 

          Целта на семинарот е преку интерактивни вежби да научите како да ги унапредите своите вештини при креирање на ефикасен систем за мотивирање, оценување и развој на вработените, се со цел да се постигнат подобри и поефикасни резултати од самите вработени, а со тоа и постигнување на целта на самата компанија, притоа не занемерувајќи го нивното задоволството за вложениот труд.
          Креирањето на систем за оценување и мотивирање е еден од важните  механизми за развој на организацијата. Многу често организациите се  базирани на постојано бркање на рокови, интензивно работење и влегување од еден проект во друг. Недостатоците и грешките се корегираат во тек на работење. Таквиот пристап прави вработените да немаат јасна претстава кои се нивните силни и слаби страни, каде грешат и каде треба да се поправат. Многу пати и менаџерите имаат сознанија за тоа што не им се допаѓа од начинот на пристап и работење на своите вработени, но немаат канал како тоа да го изразат. Таквата состојба создава недореченост и незадоволство на двете страни. Тоа директно се одразува на начинот на работење и на ефикасноста на организацијата.

За кого е наменет семинарот?
• Менаџери, управители и директори на сите нивоа и сектори во организациите;
• Раководители и останати вработени од сите нивоа во човечки ресурси, правен сектор,  финансии, производство, набавки и сите останати кои сакаат да ги усовршат своите вештини и знаења на дадената тематика;

СОДРЖИНА НА ОБУКАТА:

• Што е мотивација?
• Мотивацијата преку призмата на човековите потреби;
• Што се тоа мотиватори;
• Идентификување на личниот вредносен систем;
• Материјални и нематерјални фактори на мотивација;
• Наградата како мотиватор;
• Казната како мотиватор;
• Целта како мотиварот;
• Смислата и значењето како мотиватор;
• Односот и комуникацијата како мотиватор;
• Припадноста како мотиватор;
• Автономијата и слободата како мотиватор;
• Можноста за придонес како мотиватор;
• Можноста за учење и развој како мотиватор;
• Мотивациски профил на секој вработен;
• Лидерот како мотиварот;
• Споредувањето како фактор во мотивацијата;
• Осетливоста на мотивацискиот процес на надворешни влијанија;
• Цел на системот за оценување;
• Дефинирање на општи компетенции за оценување;
• Дефинирање на специфичните компетенции за оценување за секое работно место;
• Процес на одредување на оценка;
• Мерки за избегнување на субјективноста во оценувањето;
• Процес на подготовка за соопштување на оценките;
• Насоки за успешно соопштување на оценките;
• Дефинирање на план за развој;
• Насоки за успешно давање на конструктивен фидбек;
• Пречки при давање фидбек и постапки како да се надминат;
• Основи на коучингот;
• Што е личен развој?
• Цели на личниот развој;
• Фази на личниот развој;
• Самосвесноста како клучен елемент за личен развој;
• Алатки и техники за зголемување на самосвесноста;
• Емоционалната интелигенција како дел од процесот на личен развој;
• Социјалното учење како основа за себе развој;
• Процес на себе освестување преку теоријата на Џо-Хари прозорецот;
• Пречки во примена на сознанијата од теоријата на Џо-Хари прозорецот и насоки за нивно надминување;
• Личниот развој низ концептот на искуствено учење;
• Пречки во практикување на искуственото учење и насоки за нивно надминување;
• Важноста на самодисциплината и самоконтролата;

Предавач:

- Проф. д-р Лазар Ѓуров, еден од најактивните и најистакнатите консултанти и обучувачи во Македонија. Тој е универзитетски професор на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ и Бизнис Академија Смилевски. Таму ги предава предметите Организација и менаџмент, Лидерство, Комуникации и комуникациски вештини и Интерперсонални деловни вештини.
Тој е основач и претседател на Институтот СИМБИОТИКА. Автор е на две книги за лидерство. Како обучувач е сертифициран од Универзитетот за едукација и комуникации - Jönköping од Шведска. Неговите обуки постојано добиваат највисоки оценки.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
- работен материјал;
- ручeк и освежување;
- сертификат за присуство на семинарот. 

Последен рок за пријавување: 12.6.2019 година.


Агенда на настанот Пријавен лист Пријави се електронски

Контакт лице:
Елизабета Андриевска-Ефтимова
Телефон: ++ 389 2 3244074
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: Beti@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Контакт лице:
Анита Митревска
Телефон: ++ 389 2 3244057
Факс: ++ 389 2 3244088
Е-адреса: anita@mchamber.mk
Контакт центар: (02) 15015

Стопанска комора на Македонија, ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 13, 1000 Скопје